Три драми од Деа Лоер

Почитувани, со задоволство ве информираме дека денеска од печат излезе нова книга од издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ.

По прекрасниот дебитантски роман „Бугати се појавува“ од Деа Лоер, чиј превод од германски се појави во 2014 година, овој пат преведувачката Ксенија Чочкова на македонски јазик ни ги „подарува“ нејзините наградувани драми насловени „Животот на Прача Рузвелт“ и „Невиност“. Драмите на германската писателка се преведени на повеќе од 30 јазици и се поставуваат насекаде низ светот. Ова е трета наслов во едицијата „Сцена“ на ИЛИ-ИЛИ, по драмите на Димо Дешев и Ивана Сајко.

Објавувањето на книгата е дел од проектот „Европска литература: зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. 

#CreativeEurope4Books

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна