„Ништо“ од Ханиф Курејши – промотивно!!!
Драги читатели,
со огромно задоволство го најавуваме објавувањето на новиот превод на книга од Ханиф Курејши. Се работи за неговиот котраверзен роман „Ништо“, кој одлично се надоврзува на она што во претходните книги ни го „подари“ овој британски писател. Преводот од англиски јазик е на Милан Дамјаноски.
Во својот роман „Ништо“, Курејши нè воведува во светот на Валдо – пензиониран режисер прикован за кревет, чие секојдневие е исполнето со сомнежи, горчина и саркастични размисли за животот, љубовта и предавството. Со ограничен физички простор, но бескрајно активен внатрешен монолог, Валдо се сомнева дека неговата сопруга има афера со неговиот поранешен пријател. Така започнува психолошка игра на манипулации, каде што читателот постојано се прашува: дали Валдо е жртва, или тој е вистинскиот манипулатор?
За таа цел, во среда и во четврток, на 29 и 30 октомври, во првите два дена од излегувањето на книгата од печат, ви овозможуваме да ја купите и да добиете подарок книга од Курејши по сопствен избор помеѓу романите „Интимност“ и „Последниот збор“. Понудата важи во нашата книжарница и за онлајн нарачките, каде ве молиме да наведете за која од двете бесплатни книги сте заинтересирани.
НИШТО не доаѓа само… не пропуштајте!!!

КРЕАТИВНА ЕВРОПА