Нов роман од Симона Јованоска
Драги читатели,
по романот „Денот на црвот“, кој беше прогласен за „Роман на годината“ за 2021 од страна на фондацијата „Славко Јаневски“, ве информираме дека објавуваме нов роман од лауреатката Симона Јованоска насловен „Леска Брезоска“.
„Ако нешто ги разликува писателите едни од други, тоа е, пред сè, стилот, а стилот е жива материја, постојано се менува, еволуира, експериментира. Во „Леска Брезоска“ тие стилски промени дојдоа природно, неколкупати и самата бев изненадена, ама во тоа е убавината на пишувањето. Што се однесува до темите, мене, како автор, ме интересираат секојдневните теми блиски до луѓето, така е и во новиот роман, со таа разлика што овојпат во фокусот е животот на лик од нашето поднебје и нејзините лични предизвици во општеството“, вели авторката во едно интервју како најава за новиот роман.
Се надеваме дека ова е доволна провокација и Вие да се нурнете во возбудливиот живот на Леска Брезоска.