Промоција на новата збирка раскази од Хана Корнети

Драги читатели,

со радост Ве информираме дека во вторник, на 27 мај во 20 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе ја промовираме новата збирка раскази од Хана Корнети насловена „Каде леташ, Јулија?“, која излезе во очи на неодамнешниот Саем на книгата. Промотор ќе биде Александар Маџаровски, а потоа вечерта со свој настап ќе ја збогати и бендот „Милко“.

За книгата, Наташа Атанасова напиша:

„Што да се каже за овие раскази, а во исто време соодветно да се претстават и тоа да не делува како преувеличување кое ќе постави превисоки очекувања? Одлепени, фантастични, хумористични, апсурдни и длабоко прецизни! Вака би можела да ги опишам десетте раскази од оваа збирка со наслов „Каде леташ, Јулија?“ на Хана Корнети. Со нејзиниот уникатен стил изграден преку колоквијален јазик, полн со хумор и длабинско проникнување, Хана нè става во друштво на неверојатни ликови низ незамисливи ситуации. Уште поневеројатно ни се чини што во ликовите од нејзините раскази како во огледало се гледаме самите или ги препознаваме луѓето околу нас. А во нив и специфичните мани, неодоливо добрите страни и целиот куп апсурдности, за кои обично сме слепи гледајќи со (нашето) голо око. Ова е збирка во која се лета на метла, се паѓа во клопка на октопотка, се добива лоша фризура и добар фризер, се тролаат телепродавања, се дочекуваат најдолгите седум секунди, се губи мачката на својот живот, настануваат грешки и изгреваат нови сонца. Милоста нема да ја добијат оние што не ја заслужуваат, но емпатијата е тука за сите!“ 

Ве очекуваме 😉

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна