Промоција на романот „Леска Брезоска“

Во среда, на 18 декември во 19 часот, во галерискиот простор на МКЦ ќе се случи промоцијата на романот „Леска Брезоска“ од Симона Јованоска. Со неа ќе разговара главниот и одговорен уредник на ИЛИ-ИЛИ, Ненад Стевовиќ.

По наградениот и преведуван роман „Денот на црвот“, Симона Јованоска повторно се појавува на книжевната сцена со нејзиниот нов роман со несекојдневен и загадочен наслов – „Леска Брезоска“.

Која е Леска Брезоска, што се крие зад нејзината приказна, ќе откриеме во непосредниот разговор со авторката.

Ве очекуваме!

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна