Промоција на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски
Почитувани,
Ве каниме во среда, на 01 март, во киното „Фросина“ во МКЦ од 20 часот на на промоцијата на новиот роман од Живко Грозданоски насловен „Писмо за Глорија“, .
Промоторка ќе биде писателката Фросина Пармаковска, која низ разговор со авторот ќе ја претстави и доближи книгата до читателите.
„Романот „Писмо за Глорија“ а автофокциски обид за реобмислување и сублимирање на фрагментираното минато што се води од една, навистина, благородна стремеж – испишување на реалноста што, честопати, може да биде необична и себеиспишување што, секогаш, мора да биде комплексно и трауматично. Може ли тоа да значи зацелување, соочување со траумата и нејзино надминување? Овој роман е еклатантен пример за тоа како (авто)фикцијата може да биде книга за себеосознавање, себесоочување и самопомош преку клучот и лавиринтите што тој ни го отвора низ бескрајните предели на убавата литература“, вели Пармаковска во освртот кон романот на Грозданоски.
Ве очекуваме!