Промоција на „Вонземјанки“ од Влада Урошевиќ

Драги читатели,

Ве покануваме на промоцијата на новата збирка раскази „Вонземјанки“, со поднаслов „Раскази од латинскиот кварт“ на реномираниот македонски писател Влада Урошевиќ. Настанот ќе се случи во киното „Фросина“ во МКЦ на 18 април (вторник) во 20 часот. Промотор ќе биде Гоце Смилевски, кој во поговорот на книгата напиша:

„Расказите од книгата „Вонземјанки“ ни покажуваат колку е важен не само градот во кој се пишува, туку и градот за кој се пишува; Влада Урошевиќ во Париз ја наоѓа и логиката и отвореноста кон подрачјата каде логичките закони не важат, или, попрецизно – каде што важи една поинаква логика, логика на невозможното. Низ тоа претставување на една полицентрична стварност, составенa од повеќе планови, понекогаш комплементарни, другпат спротивставени едни на други, кои ни овозможуваат да погледнеме на дејствијата и ликовите од различни точки, честопати со ефект сроден на мултиплицираните перспективи од делата на Ешер, Влада Урошевиќ со своите дванаесет раскази од збирката „Вонземјанки“ успева да оствари маестрална проза“.

Ве очекуваме!

 

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна