Рут Озеки е канадско-американска писателка со јапонско потекло. Родена е во САД, каде студирала англиска и азиска книжевност на колеџот Смит. Пред да му се посвети на пишувањето, повеќе од десет години работела како новинарка и режисерка. Во 2010 година станува и зен-будистичка свештеничка. Денес живее во Канада.
Досега напишала три романи, за кои има добиено значајни награди и блескави критики, така што важи за една на највпечатливите авторки во современата канадска литература на англиски јазик. Нејзините три романи се: „Мојата година на месото“ (1998), „Сè за создавањето“ (2002) и „Приказна за суштината на времето“ (2013).
-
Приказна за суштината на времето
Исполнет со будистичка мудрост и со препознатливиот оптимистички хумор на Озеки, „Приказна за суштината на времето“ допира до самата срцевина на односот помеѓу писателот и читателот, минатото и сегашноста, стварноста и фикцијата, а патем ги допира и квантната физика, историјата и религијата.
На крај, сето тоа се склопува во брилијантно инвентивна и убедлива приказна за човечноста и потрагата по чувството на сигурност.