Сања Вуковиќ е родена 1983 година во Скопје.
Дипломирала на Катедрата за германски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Досега ја има објавено збирката песни „Кодирани стихови“ (Магор, 2006г.)
„Холограм“ е нејзина прва збирка со раскази.
-
Холограм
Ова се тивки дневници на копнежот и страста, но и на страдањето на поединецот, разочарувањето и среќата. Еден мал необичен свет на случки, свет кој зборува за обичните работи. Некои се опишани како експлицитни сцени од филм, а некои како неоткриен театар, кој сепак е виден.
150,00 ден