Светлана Камџијаш има објавено книги од областа на философијата „Ведите и упанишадите-сликата на светот“, „Крајната слобода на философијата веданта“, „Од брегот на реката Ганг“ и „Шест Упанишади“, како и две поетски книги: „Чекори во летот“ и „Небо-индиго“.
„Приказни на тивок оган“ е нејзина прва збирка раскази.
Предава философија, естетика и етика на Педагошкиот факултет во Скопје.
-
Од брегот на реката Ганг
По „Ведите и Упанишадите – сликата на светот“ и „Филозофијата Веданта“, авторката ни ги раскажува своите лични искуства од престојот во едно мало село на југот на Индија, во нејзината трета објава за источната филозофија.
300,00 ден -
Приказни на тивок оган
„Расказите во збирката „Приказни на тивок оган“ на Светлана Камџијаш се создадени со длабока мисла, широка емоција и висока ерудиција, со буен стил и прецизна структура. Нив авторката успеала да ги напише со онаа тешко остварлива виртуозност која подразбира да се раскаже флуидно она што е најтешко за искажување. Способност која можеби најдобро може да се опише ако се обидеме да преобликуваме една констатација искажана за лик во еден од расказите во оваа книга: „Невидливото го правеше видливо“. За неа, за нејзината раскажувачка умешност и уметност, тоа би било: Невидливото и тешко искажливото го прави видливо, преку зборовите. Во тоа искажување на она што најчесто останува обвиено од молкот, Светлана Камџијаш тргнува од деталот и стигнува до сепроникнувачка целина, започнува со мигот и го опфаќа животот“.
Гоце Смилевски
250,00 ден