Еден текст и една жена

300,00 ден

„Некој рекол дека денес е полесно да најдете добри писатели отколку добри читатели. Најновата книга на Оливера Ќорвезироска е одличен показ дека е возможно да се спојат добар читател и добар писател во една личност. Снајперски прецизните поенти и согледби, втемелени врз проникливите читања на рецентни книжевни дела со кои писателката развила читателски љубовни врски се најавени уште со насловот на книгата. Благодарение на Оливера Ќорвезироска, секој толкуван книжевен текст во оваа книга добива живи и луцидни „љубовно-критички“ интерпретации низ призмата на „една жена“. Иако станува збор за критичко-есеистичка книга, Ќорвезироска успеала да напише „Книга со срце“. Љубовта кон Текстот е двојно кодирана: како кон Текстот за кој се пишува, така и кон Текстот што притоа се испишува. Оваа книга е истовремено силен демант на честата теза за „смртта на книжевната критика“ во нашиот книжевен контекст“.

Владимир Мартиновски

„Во состојба на замирање на книжевната критика која претставува прекршено огледало за книжевните дела и нивни апсолутен евалватор и канонизатор, еве авторка која и покрај сопственото раскажувачко творештво несебично им се посветува и на своите современици. Кога ги читаме критичките текстови на Оливера Ќорвезироска полни со издржани ставови, со свест и одговорност за критичко вреднување, со поставување на делата во вистински книжевен и културен контекст, текстови напишани на чист и убав јазик, посакуваме да ги прочитаме и делата за кои зборува, но, исто така, денес речиси секој автор/авторка посакува за неговото/нејзиното дело да се произнесе токму Оливера Ќорвезироска“.

Лидија Димковска

„Оливера Ќорвезироска нема никакви предрасуди кон книжевните дела, што е вистинска реткост: имено, за неа од примарно значење не е дали некој автор е дебитант или е веќе етаблирано име во македонската книжевност за да реши да пишува за некое негово/нејзино дело. Зашто, Оливера секогаш пишува за книга, а не за автор; таа ги бара, и ги пронаоѓа, книгите во кои открила книжевни вредности, не чекајќи тие претходно да станат познати во јавноста или признаени од критиката“.

Калина Малеска

ШИФРА: 262
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2016

Број на страници

285

Превод/Препев

/

Оливера Ќорвезироска (1965) е македонска писателка и критичарка, авторка на следниве книги:

поезија:
– „Трети кат“ 1982
– „Високите бели“ 1989

раскази за возрасни:
– „Страдањата на младиот лектор“ 2000
– „Сплетени раскази“ 2003
– „Две перници“ 2010

роман за возрасни:
– „Заклученото тело на Лу“ 2005

романи за деца:
– „Кифличката Мирна“ 1993
– „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ 2001

сликовница:
– „Дедо Миле“ 2000

критика и есеистика:
– „Отвораат ли сништата работа“ 1999
– „Еден Текст и една жена“ 2016

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.