Автор/ка | |
---|---|
Број на страници | 159 |
Година на издавање | 2023 |
Превод/Препев | превод од француски јазик: Гзиме Старова |
Идис
390,00 ден
Робер Бадентер ја напишал оваа книга од почит кон својата баба по мајка, Идис. Пишувајќи за нејзиниот живот и патешествието на семејството како еврејски емигранти на Руската империја, Бадентер дава еден неверојатен приказ на животот на неколку генерации на семејството на неговата баба како еврејски емигранти, дојдени во Париз пред 1914 год.
Незаборавно книжевно доживување!
Робер Бадентер (Париз, 1928) е француски адвокат и политичар. Завршил студии по литература и право во Париз. Магистрирал на Универзитетот Колумбија (САД, 1949). Докторирал компаративно право во Париз (1951). Бил адвокат во Апелациониот суд во Париз (1951-981), министер за правда на Франција (1981-1986) и претседател на Уставниот совет на Франција (1986-1995). Бил и претседател на Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија (формирана во 1991), која, под негово претседателствување, констатира дека РМ ги исполнува сите општи и посебни услови за меѓународно признавање. Поради тоа бил прогласен за почесен доктор на правни науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (1996).