Една книга

500,00 ден

Книгата носи поднаслов Summa Universi, а претставува расправа, трактат за сите прашања што си ги поставува денешниот Хомо Сапиенс за неговото потекло, универзумот, општествените и политичките трендови и светските социолошки текови.

Целата расправа на 150 страници е сместена во фикција, новела која се движи на границата помеѓу научната фантастиката и реалноста.

 

“Се работи за новела во која секојдневното, реалното време и космичкото или надреалното се мајсторски изместени, помешани. Тоа е литература што ве тера на размислување и себе-преиспитување. Ова е роман кој нема да ве остави рамнодушен“.

Сергеј Андреевски

Една книга е филозофски роман претежно напишан во течна и возбудлива  дијалошка форма. Топло ја препорачувам оваа книга за читање. Ќе најдете низа одговори на класични и современи филозофски прашања, но и насока како да се пристапи низ живеењето како патување во потрага по неодговорените прашања“.

Тони Поповски

ШИФРА: 504
Едиција:
Година на издавање

2022

Број на страници

146

Автор/ка

Валентин Нешовски работел како новинар во „Нова Македонија“, „Македонија Денес“ и „Денес“, уредник во политичкиот магазин „ЗУМ“, бил дописник на неколку странски медиуми, магистрирал меѓународни односи и режими во САД, а последниве десетина години работи како консултант за односи за јавност.