Миријам Лероа (1982) е белгиска новинарка и писателка, живее и работи во Брисел. Таа се смета за авторка што ги вкрстува уметноста и новинарството и многу често го користи сопствениот живот како примарен материјал за обработка. Лероа отвора деликатни прашања со брутална искреност, ги постила пред јавноста табуата на нашето општество, особено сексистичките, тие што сакаат да ја замолчат жената.

„Црвените очи“ е нејзиниот втор роман. Текстот е адаптиран и за театар. Лероа е автор на документарниот филм „#Валканакурва„ со сведочења на жени од повеќе земји, меѓу кои и од Македонија, за алармантниот онлајн говор на омраза и мизогинијата.