Таму каде што не сме

370,00 ден

Георги Господинов е еден од највлијателните современи бугарски писатели, роден во 1968 година во градот Јамбол. По образование е филолог и литературен историчар, но својата кариера ја започнува како поет и токму поезијата е првиот јазик преку кој го изразува светот.

Неговата прва збирка поезија, „Лапидариум“ (1992), веднаш привлекува внимание со својот лаконски стил, меланхоличниот и носталгичен тон. Следуват „Црешата на еден народ“ (1996), „Писма до Гаустин“ (2003) и „Таму каде што не сме“ (2016).

Во македонското издание на книгата ексклузивно се објавени и неколку досега необјавени песни на Господинов.

Иако Господинов е меѓународно познат по своите романи, како „Физика на тагата“ и „Засолниште во времето“, тој никогаш не ја напушта поезијата.

Во едно интервју, тој вели: „Ја негувам онаа литература што се распаѓа. Што мириса на минато. На изгубени нешта. Тоа е поезијата.“

Едиција:
Автор/ка

Број на страници

144

Година на издавање

2025

Превод/Препев

препев од бугарски: Никола Маџиров

Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. Добитник на бројни награди, меѓу кои и Интренационалниот „Букер“ за преводот на англиски јазик (Анџела Родел) на романот „Засолниште во времето“.

На македонски јазик се објавени: Природен роман (Темплум, Или-Или), збирките раскази И други приказни (Темплум, Или-Или), И сè стана месечина (Или-Или) и Сите наши тела (Или-Или), збирката песни Балади и распади (Блесок), книгата за деца во коавторство со неговата ќерка Раја, Свадби на животни и нешта (Или-Или) и неговите најуспешни романи Физика на тагата (Или-Или) и Засолниште во времето (Или-Или).