Нова книга од Калина Малеска

Нова книга од Калина Малеска

Денес од печат излезе новата книга од Калина Малеска насловена „Светот што го избрав“. По збирките раскази, теориската книга и сликовницата за најмладите во издание на ИЛИ-ИЛИ, Малеска по десет години објавува и нов роман. Доминантна карактеристика на романот е, како што вели Никола Гелевски, „заузданата хетерогеност во најширока смисла (што е романот како жанр): […]

Промоција на новиот роман од Фросина Пармаковска

Промоција на новиот роман од Фросина Пармаковска

Почитувани, по декемвриското објавување на новиот роман од Фросина Пармаковска, дојде време истиот да го промовираме и пред пошироката читателска јавност. Во четврток (8 февруари) во 19ч19м, во Салон 19.19 при КИЦ, низ разговор со новинарот Васко Попетревски, писателката ќе проговори за процесот низ кој помина додека го создаваше нејзиниот петти роман „Се’ уште можам […]

Нов роман од Фросина Пармаковска!

Нов роман од Фросина Пармаковска!

Почитувани читатели, со радост објавуваме дека утре од печат излегува новата книга од Фросина Пармаковска насловена „Се’ уште можам нешто да сторам“. Ова е нејзина петта прозна објава, а четврти роман во наше издание, по „Вишнова хроника“, „Одбројување“ и „На враќање“. Се надеваме дека ќе уживате и во новиот возбудлив ракопис на Пармаковска, која во […]

Нов роман од Сашо Кокаланов!

Нов роман од Сашо Кокаланов!

Почитувани, по романите „Ние сме лудаци“ и „Ши“, кои поради својата луцидност и хумор во големи дози имаа(т) завидна читаност, ИЛИ-ИЛИ го објавува и новото прозно дело на Сашо Кокаланов насловено „Среќните луѓе не слават родендени“. Се работи за приказна за едно семејство, во која главните ликови ги толкуваат мајката, постариот и помалиот син. Краткиот […]

„Идис“ од Робер Бадентер, вистинско книжевно доживување!

„Идис“ од Робер Бадентер, вистинско книжевно доживување!

Драги читатели, денес од печат излезе романот „Идис“ од Робер Бадентер, во превод од француски јазик на Гзиме Старова. Често споменуваниот Бадентер веројатно многу повеќе го познавате преку неговиот ангажман околу осамостојувањето на Македонија по распадот на СФРЈ, но еве, ИЛИ-ИЛИ ви го претставува и како книжевник кој многу добро го познава писателскиот занает. Авторот […]

Романот „Маџун“ од Влада Урошевиќ во едицијата „ПРОаЗА“

Романот „Маџун“ од Влада Урошевиќ во едицијата „ПРОаЗА“

Почитувани читатели, со радост го најавуваме излегувањето на романот „Маџун“ од Влада Урошевиќ во нашата и Ваша омилена едиција „ПРОаЗА“. По првото издание на Магор во 2018 година, сметавме дека овој прекрасен роман мора повторно да биде достапен за читателите. Така, по актуелната збирка раскази „Вонземјанки“ која ја објавивме и промовиравме пролетва, имаме уште едно […]

Меѓународниот „Букер“ за романот „Засолниште во времето“

Меѓународниот „Букер“ за романот „Засолниште во времето“

Многу не’ израдува веста дека актуелниот роман „Засолниште во времето“ ја доби Интернационалната награда „Букер“, во превод на англиски јазик на Анџела Родел. Со годинашното жири претседаваше француско-мароканската писателка Лејла Слимани, а победникот беше објавен синоќа (23 мај), на специјалната вечер во Лондон. Букеровата награда е најважниот настан во литературниот и издавачкиот свет. Се доделува […]

„Мина“, нов роман од Игор Анѓелков

„Мина“, нов роман од Игор Анѓелков

По збирката раскази „Двојна експозиција“ објавена минатиот септември, Игор Анѓелков со нов роман! Утре од печат излегува „Мина“, роман со мирис на чај од тегавец, вкус на палачинки со шеќер, завиен во плетен џемпер, со календарче под перница… како што гласи поднасловот на книгата. Ана Мартиноска во поговорот насловен „Експлозивна семејна сага за ретка жена […]

Второ издание на романот „На враќање“ од Пармаковска

Второ издание на романот „На враќање“ од Пармаковска

Во очекување на новиот ракопис од Фросина Пармаковска, на кој таа интензивно работи и кој ќе го објавиме до крајот на годината, деновиве од печат излезе второто издание на нејзиниот засега последен роман „На враќање“, премиерно објавен пред три години. „Пишувањето роман бара трпение и посветеност, а пишувањето добар роман бара и талент за привлечно […]

Нов превод на роман од Горан Војновиќ

Нов превод на роман од Горан Војновиќ

Денеска од печат излезе преводот на новиот роман на Горан Војновиќ насловен „Ѓорѓиќ се враќа“. По објавувањето на „Југославија, моја дежела“ и „Смоква“, ова е трето дело на регионалната книжевна ѕвезда кое излегува на македонски јазик. Преводот од словенечки е на Давор Стојановски. За својата нова книга, Војновиќ во интервјуто за „Букла“ нагласува: „По десет […]

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна