„Идис“ од Робер Бадентер, вистинско книжевно доживување!

Драги читатели,

денес од печат излезе романот „Идис“ од Робер Бадентер, во превод од француски јазик на Гзиме Старова.

Често споменуваниот Бадентер веројатно многу повеќе го познавате преку неговиот ангажман околу осамостојувањето на Македонија по распадот на СФРЈ, но еве, ИЛИ-ИЛИ ви го претставува и како книжевник кој многу добро го познава писателскиот занает.

Авторот ја напишал оваа книга од почит кон својата баба по мајка, Идис. Пишувајќи за нејзиниот живот и патешествието на семејството како еврејски емигранти на Руската империја, Бадентер дава еден неверојатен приказ на животот на неколку генерации на семејството на неговата баба како еврејски емигранти, дојдени во Париз пред 1914 год.

Високо оценета од книжевната критика и популарна меѓу рафинираните читатели, оваа книга претставува вистинско книжевно доживување!

Не пропуштајте ја 😉

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна