Промоција на деби романот „Пештера“ од Максим Ристески
Почитувани читатели,

со радост ја најавуваме промоцијата на романот „Пештера“ од Максим Ристески, уште едно домашно име во едицијата „ПРОаЗА“ кое ни „подарува“ одличен дебитантски ракопис.
 
Промоцијата ќе се случи во галерискиот простор на Културно информативниот центар (КИЦ) во понеделник (17.10) со почеток во 19ч19м.
 
Промотор ќе биде Владимир Мартиновски, кој во освртот кон книгата напиша:
„Иако напати добива одлика на жанровска (трилер и детективска) фабула, благодарение на сугестивните ликови и увидот во нивниот внатрешен свет, романот напати добива и одлики на психолошки роман, а особен белег на нарацијата и’ даваат многубројните дијалози меѓу ликовите, кои најчесто расправаат и дебатираат за улогата религијата, филозофијата и уметноста во денешниот свет, така што романот со својата флуидност и разновидност вешто им се отима на сите обиди за строго разграничување во жанровска смисла. Во романот е особено маркантен интертекстуалниот елемент, во кој во преден план се ставени судбините на протагонистите исправени пред крупни одлуки, а меѓу многубројните интертекстуални назнаки и алузии доминираат библиските. Оттука, би можеле да констатираме дека романот на Ристески во многу елементи е нестандарден и оригинален роман во современата македонска литература“.
 
Ве очекуваме 😉
 
0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна