Второ издание на романот „На враќање“ од Пармаковска

Во очекување на новиот ракопис од Фросина Пармаковска, на кој таа интензивно работи и кој ќе го објавиме до крајот на годината, деновиве од печат излезе второто издание на нејзиниот засега последен роман „На враќање“, премиерно објавен пред три години.

„Пишувањето роман бара трпение и посветеност, а пишувањето добар роман бара и талент за привлечно и деликатно раскажување на приказната. Нема сомнение дека Фросина го има и едното и другото во овој нов, возбудлив спој на конкретното и универзалното, на судбинското и рационалното, на патувањето и враќањето во домот“, напиша Елизабета Баковска за книгата, која како и останатите изданија од Пармаковска, доживеа свое реиздание, на радост на љубителите на пишаниот збор.

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна