Со самиот пристап на интернет страницата на ИЛИ-ИЛИ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија. ИЛИ-ИЛИ ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

  1. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Со реализација на нарачката и вршење на уплатата на саканиот производ, се смета дека е склучен договор помеѓу ИЛИ-ИЛИ и потрошувачот.

Испораката на производите ќе биде организирана од страна на ИЛИ-ИЛИ на адресата која е наведена во нарачката.

  1. ПОЛИТИКА НА ЦЕНИ И НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата. Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка како и нарачка со плаќање на врата.

За нарачка до 900,00денари трошоците за достава се на товар на купувачот и изнесуваат 130 денари со вклучен ДДВ, а за нарачки над 900,00 денари доставата е на товар на ИЛИ-ИЛИ на територијата на Република Северна Македонија.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

  1. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

ИЛИ-ИЛИ ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање или емаил и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

ИЛИ-ИЛИ врши замена на производите само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, ИЛИ-ИЛИ ќе ги врати средствата преку банката на сметката на корисникот на картичката.

Целокупната процедура за замена на производ или рефундација може да трае до 15 работни дена.

Во случај на поврат на производ купувачот приложува фактура/испратница за купениот производ и истиот може да го замените со друг производ.

Производот може да се врати/замени во рок од 15 дена од денот на приемот на пратката со приложување на фактурата/испратницата, при што производот мора да бидe неупотребуван, неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување и/или со етикета. Пакуваните производи се враќаат преку брза пошта на адресата што ја добивате на свој трошок.

ИЛИ-ИЛИ има право да не ги врати паричните средства на потрошувачот доколку утврди дека производот не е во онаква состојба во каква бил испорачан до потрошувачот. Трошоците за враќање на производите се на сметка на потрошувачот, освен во случаи кога потрошувачот ќе добие неисправен или погрешен производ.

Откако службата за достава ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонскиот број: +389 2 3225 445, или пак да ни испратите имејл со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресатa contact@iliili.com.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.