Романот на Пармаковска добитник на „Рациновото признание“

Почитувани читатели,

жири комисијата во состав Снежана Петрова Џамбазова, претседателка на комисијата, Маја Апостоловска и Јасминка Делова Силјанова, членови, одлучи годинешната награда „Рациново признание за 2024 година“, во конкуренција од 25 пристигнати книги, да ја добие Фросина Пармаковска за романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ во издание на „Или-Или“.

„Рациновото признание“ на авторката ќе и’ биде доделено на свеченото отворање на „61-те Рацинови средби“ на 19 јуни, што ќе се одржи во Спомен Костурницата, кога проф. Михаило Марковиќ ќе ја каже „Беседата за Рацин“. .

„Рациновите средби“ годинава се во организација на здружението на граѓани „3Г Плус публика“, се одбележуваат под слоганот „Рацин – македонска меморија“ и ќе траат до 20 јуни.

Честитки за нашата авторка!

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна