Прв роман од Леруа на македонски јазик

Прв роман од Леруа на македонски јазик

Почитувани, со задоволство Ве информираме за објавувањето на новата книга. Денес од печат излезе романот „Црвените очи“ од Миријам Леруа, во превод од француски јазик на Светлана Јовановска. Во својот втор, роман Леруа ни пренесува дел од нејзиното искуство од разговорите на социјалните мрежи со човекот кој во книгата го носи името Денис. Таа одговара […]

Второ издание на романот „Аб’т“

Второ издание на романот „Аб’т“

Драги читатели, Ве информираме дека денес од печат излезе второто издание на романот „Аб’т“ од Оливера Ќорвезироска, кој премиерно беше објавен во 2019 година како 175 книга во популарната едиција „ПРОаЗА“. Реизданието е дополнето и збогатено со поговорот на Владимир Јанковски насловен „Куќата, бунарот, аб’тот и реслото на семејните приказни“, во кој авторот потенцира: „Романот […]

„Писмо за Глорија“, книга на месецот во ГБ „Браќа Миладиновци“

„Писмо за Глорија“, книга на месецот во ГБ „Браќа Миладиновци“

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ успешно ја продолжува кампањата „Читаме современи македонски автори“. Вечерва во 19 часот, низ разговор на Александра Јуруковска со авторот, ќе биде претставен романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Финалистот за „Роман на годината“ за 2022 година воедно ќе биде и книга на месецот […]

Промоција на романот „Светот што го избрав“ од Калина Малеска

Промоција на романот „Светот што го избрав“ од Калина Малеска

Утревечер во кафе-книжарницата „Буква“ во 19ч30м ќе се случи промоцијата на новата книга од Калина Малеска, ромнот „Светот што го избрав“, кој излезе од печат минатата седмица. Промоторка на книгата ќе биде Илина Јакимовска. Романот ја раскажува приказната за трансформацијата на Леона, чие чувство за себе и сопствениот идентитет се менува низ контактот со луѓето […]

Нова книга од Калина Малеска

Нова книга од Калина Малеска

Денес од печат излезе новата книга од Калина Малеска насловена „Светот што го избрав“. По збирките раскази, теориската книга и сликовницата за најмладите во издание на ИЛИ-ИЛИ, Малеска по десет години објавува и нов роман. Доминантна карактеристика на романот е, како што вели Никола Гелевски, „заузданата хетерогеност во најширока смисла (што е романот како жанр): […]

Промоција на романот „Идис“ од Робер Бадентер

Промоција на романот „Идис“ од Робер Бадентер

Драги читатели, утревечер (четврток, 15 февруари) во 18 часот, во просторот на Францускиот институт во Скопје ќе се одржи промоцијата на неодамна објавениот роман „Идис“ од Робер Бадентер, во превод на Гзиме Старова. Настанот има уште една содржина. Имено, истата вечер ќе се промовира и графичкиот роман „Везење“ од Марџан Сатрапи“ во издание на колегите […]

Промоција на новиот роман од Фросина Пармаковска

Промоција на новиот роман од Фросина Пармаковска

Почитувани, по декемвриското објавување на новиот роман од Фросина Пармаковска, дојде време истиот да го промовираме и пред пошироката читателска јавност. Во четврток (8 февруари) во 19ч19м, во Салон 19.19 при КИЦ, низ разговор со новинарот Васко Попетревски, писателката ќе проговори за процесот низ кој помина додека го создаваше нејзиниот петти роман „Се’ уште можам […]

Топ 15 Најчитани книги во 2023!

Топ 15 Најчитани книги во 2023!

Драги читатели, на почетокот од секоја нова година вообичаено се сумираат резултатите од претходната. Ова е листата на нашите најчитани книги, се разбира, благодарение на Вашиот интерес за нив. 1. Вонземјанки – Влада Урошевиќ 2. Засолниште во времето – Георги Господинов 3. Луѓето, а не градот – Снежана Младеновска Анѓелков 4. Мина – Игор Анѓелков […]

Новогодишни книжевни радости во ИЛИ-ИЛИ 2023-2024

Новогодишни книжевни радости во ИЛИ-ИЛИ 2023-2024

Драги читатели, се ближи крајот на годината која традиционално ја дочекуваме со книжевни радости во нашата и Ваша омилена книжарница. Годинава издадовме 16 книги во различни едиции и реиздадовме 4 романи кои беа исцрпени. Знаеме дека 20 наслови не се многу, сме имале и подобри години, но ИЛИ-ИЛИ секогаш се гордее со квалитетот, а не […]

Промоција на „Илина и шумските тролови“

Промоција на „Илина и шумските тролови“

„Не сакам, не сакам, не сакам во недела сабајле да ме влечкаат по гости. Недела сабајле е за цртани и корнфлекс. За будење пред мама и тато да станат и да ми се мешаат во живот. За јадење чоколадо од скришната фиока за која мислат дека не знам. За седење на праз-зеленото килимче од баба […]

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна