Летово читаме големи романи!

Летово читаме големи романи!

Драги читатели, оваа седмица имамe супер попусти на дури 30 големи романи! Не ја пропуштајте можноста да ја збогатите вашата домашна библиотека со прекрасни книги кои чинат само 149 и 199 денари. Еве што е на менито, изберете и наминете в дуќан, или нарачајте онлајн. Големи романи по 149 денари: Болеста на Монтано – Енрике […]

Авганистан на дланка со Ана Пејчинова

Авганистан на дланка со Ана Пејчинова

Драги читатели, со голема радост ве информираме за излегувањето од печат на новиот ракопис на Ана Пејчинова. По стихозбирката „Чувари на малите нешта“, која предизвика големо внимание кај публиката, овој пат авторката ни го претставува Авганистан на дланка. Во 2004 година една авторка од Скопје случајно заминува со ООН да организира избори во Кабул, без […]

„Поглед однатре“ на Светомир Шкариќ

„Поглед однатре“ на Светомир Шкариќ

Почитувани, како специјално издание, денес од печат излезе книгата „Поглед однатре“ на долгогодишниот професор на Правниот факултет во Скопје, Светомир Шкариќ. Во оваа книга авторот го согледува Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје од неговата внатрешна страна. Пишува за улогата на професорите во развојот на правото во времето од 1960 до 1990 година и за […]

Нова книга од Миријам Лероа

Нова книга од Миријам Лероа

Почитувани читатели, ве информираме дека денес од печат излезе новата книга од Миријам Лероа насловена „Мистеријата на обезглавената жена“. За љубителите на жанровската книжевност, по „Црвените очи“, еве уште едно пријатно изненадување од современата белгиска авторка. Книгата од француски ја преведен Светлана Јовановска, а нејзиното излегување е овозможено од фондацијата „Wallonie-Bruxelles Culture“. Приказната започнува од […]

Промоција на романот „Јета“

Промоција на романот „Јета“

Драги читатели, Ве каниме на промоцијата на романот „Јета“ од Ивана Трајаноска во четврток, од 18ч30м, во бистро „Комедија“. „Јета“ е роман што навлегува во прашањата на мултикултурализмот, интеркултурализмот, припадноста и отуѓувањето, но и во сложените конструкции на личниот, националниот, верскиот и женскиот идентитет. Приказната е поставена во историскиот и современиот контекст на поранешна Југославија […]

ИЛИ-ИЛИ на традиционалниот „Саем на книгата“ во Скопје

ИЛИ-ИЛИ на традиционалниот „Саем на книгата“ во Скопје

Драги читатели, Ве очекуваме на традиционалниот годишен „Саем на книгата“ во Скопје од 23 до 29 април, во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Како и секогаш, нашата понуда е квалитетна литература, со супер достапни цени. Направете избор на нашата веб страница и наминете в дуќан или на Саем. Или нарачајте онлајн! Ви благодариме на поддршката, и […]

„Јета“ од Ивана Трајаноска, ново во „ПРОаЗА“

„Јета“ од Ивана Трајаноска, ново во „ПРОаЗА“

Почитувани, денес од печат излезе „Јета“ од Ивана Трајаноска. Авторката е универзитетска професорка, писателка, преведувачка и интердисциплинарна истражувачка. Авторка е на романите „Разгледници“ (2008) и „Деса“ (2021), како и на неколку раскази на македонски и англиски јазик. „Јета“ е роман што длабоко навлегува во прашањата на мултикултурализмот, интеркултурализмот, припадноста и отуѓувањето, како и во слоевитите […]

„Дријади“, прва книга за деца и млади од Игор Анѓелков

„Дријади“, прва книга за деца и млади од Игор Анѓелков

Драги читатели, следната седмица нашата и Ваша едиција „И ете приказна“ ќе ја збогатиме со нов наслов. Имено, Игор Анѓелков реши да ужива пишувајќи проза за деца и млади, и така настана романот „Дријади“, симпатична приказна која освен тинејџерите, ќе биде интересна за читање и за оние кои внимателно го негуваат „детето во себе“. Во […]

Нов роман од омилениот писател Бернхард Шлинк!

Нов роман од омилениот писател Бернхард Шлинк!

Драги љубители на добрата литература, со радост Ве информираме дека во понеделник од печат излегува новиот роман од омилениот наш и Ваш писател, Бернхард Шлинк! Ова е уште едно ремек-дело од мајсторот на пишаниот збор и одличниот проникнувач во скриените одаи на човековата психологија! Преводот од германски на македонски јазик е на нашата долгогодишна соработничка […]

Промоција на збирката раскази „Ништо нормално“

Промоција на збирката раскази „Ништо нормално“

Почитувани, На 2 април (четврток), од 20 часот, во МКЦ–галерија ќе се одржи помоцијата на книгата со раскази „Ништо нормално“ од Симона Јованоска. Збирката е објавена неодамна во популарната едиција ПРОаЗА, како книга бр. 246. Низ разговор со авторката, книгата ќе ја промовира писателот Иван Шопов. „По два романа и една книга за деца, со „Ништо […]

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна