Новогодишни книжевни радости во ИЛИ-ИЛИ 2023-2024

Драги читатели,

се ближи крајот на годината која традиционално ја дочекуваме со книжевни радости во нашата и Ваша омилена книжарница.

Годинава издадовме 16 книги во различни едиции и реиздадовме 4 романи кои беа исцрпени. Знаеме дека 20 наслови не се многу, сме имале и подобри години, но ИЛИ-ИЛИ секогаш се гордее со квалитетот, а не со квантитетот на објавени наслови.

Од 25 декември до 13 јануари имате можност да ја збогатите својата домашна библиотека со прекрасни наслови кои се на попуст од 10 до 70 проценти.

Ве очекуваме во дуќан со насмевки да ја испратиме старата 2023 и да ја дочекаме новата 2024 година.

Секако, можете да нарачате и онлајн токму од оваа страница 😉

Ве очекуваме!

ИЛИ-ИЛИ, Ваше право на добра КНИГА!

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна