Ирена Јорданова е родена 1980 г. во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на катедрата по општа и компаративна книжевност.
Нејзиниот прв роман во 2008 година „Помеѓу“ беше финалист за наградата „Роман на годината“ на Утрински весник.
Вториот роман „Катализатор 33“ е објавен во 2010 година, преведен е на англиски јазик (“The Catalyst 33” by Irena Jordanova, Kindle Direct Publishing, Amazon) и во 2012 година беше еден од најсимнуваните романи на Амазон.
„Послушен брод што плови“ е нејзиниот трет роман.
-
Послушен брод што плови
Си седиме на ладниот кујнски под.
Тој жив, јас мртва во неговите прегратки.
А не сакам да оди во затвор, да можеше да ме чуе ќе му кажев да се собере и да најде начин да ми го фрли телото некаде, во некој ендек, да изгледа како несреќа. Можеби ме убил некој крадец, ме силувал некој силувач, ме измачувала некоја ментално нестабилна личност, нешто, што било можело да ми се случи.
Но тој седи и плаче како мало дете.
Па, добро, ништо страшно, еднаш секако ќе се разделевме, некој мора да умре.
Што е важно каква е смртта.250,00 ден -
Катализатор 33
„И повеќе немам тело, затоа ова е еликсирот на животот, фонтаната на младоста, затоа што не можам да умрам – никогаш!“
И во вториот свој роман, Јорданова на моменти брилјира при доловувањето на недопирливото, недофатното, она што е околу нас, но често пати не можеме да го појмиме како што треба.
Проверете зошто „Катализатор 33“ е најсимнуваниот и најчитаниот роман на „Амазон“ од македонски автор.
-
Помеѓу
Дебитантскиот роман на новото име на македонската книжевна сцена, Ирена Јорданова, воодушеви многумина кои не веруваа дека еден почетник во литературата може да пишува како било кој современ европски автор во моментот. Скопскиот љубовен триаголник е приказна која за еден глас не ја освои престижната награда „Роман на годината“ на Утрински весник, но тоа не ја обесхрабри Јорданова да продолжи да го работи она што најдобро го знае – прекрасно да пишува сурови наши приказни.