Симона Јованоска е родена во 1985 година, во Гостивар. Во родниот град завршила средно економско училиште, а потоа Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг.

Во 2015 година ја објавува дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“ во издание на „Или-Или“. Во 2019 година добива второ место на конкурсот на дневниот весник „Нова Македонија“ за расказот „Последниот кат“.

„Денот на црвот“ е нејзин прв роман и прогласен е за „Роман на годината“ за 2021 година од Фондацијата „Славко Јаневски“.

  • Денот на црвот

    Денот на црвот е роман што од ред во ред, од страница во страница постојано изненадува. Ракописот на Јованоска изобилува со свежи компарации никаде досега сретнати, ненаметлива духовитост, понекогаш и со одмерена доза сарказам. И без исклучок: проникливост и интелигентност! Сето ова во комбинација со неспорниот талент и безмалку зачудувачки зрелата раскажувачка вештина, му овозможува на нејзиното дело висок дострел“.

    Јагода Михајловска Георгиева

    *Книгата ја доби наградата „Роман на годината“ 2021 на Фондацијата „Славко Јаневски“

    290,00 ден
  • Ги најдов во длабокото

    „Каде се децата?“ ме праша повторно, како да е неарна, како друго и да не умее да зборува, како сè наеднаш да заборавила и се деформирала во три очајнички збора што се претесни за нејзините отровни очекувања што сосема неправедно не и дадоа шанса на мојата кутија, и го наполнија грлото. Ја замолчив со украден бакнеж, бидејќи до бакнување не и беше дојдено, малку се закашла и и се прилоши, се избриша со нежните ковчиња на левата дланка и прашално ме погледна. Тогаш го реков ова: „Нола, децата не ги најдов, но погледни што најдов во длабокото“, и ја отворив кутијата полна со накит, блескави дијаманти и сафири, наредени на елегантни ѓердани како гласни прстени на опашката на ѕвечарката, златни алки и брошеви, измиени од погледи и надежи, сосема заборавени во непознатото, отпишани како соништа, парички што купуваат денови за нови насмевки. Низ солзи ме погледна, со студени прамни ветер во косата разлетана врз рамена и одвај молкум се насмеа. Со својата насмевка.

     

    „Читајќи ги фантазмогоричните прози во збирката Ги најдов во длабокото, читателот цело време има чувство дека плови во длабоки води: во непрегледните длабочини на ликовите од расказите, но и во сопствените длабочини“.

    Владимир Мартиновски

    150,00 ден250,00 ден