-
-
-
Кротко-крајпатни синтези
400,00 денОва е едно несекојдневно, специјално издание, кое ги содржи првите три книги од Игор Анѓелков: збирката раскази „Кротки приказни“ (2006) и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013).
Во меѓувреме авторот стигна до бројката од 11 објавени книги, а читателите што ги засакаа неговите актуелни изданија од последниве години, со ова издание ќе имаат можност да се запознаат и со неговите преокупации на почетоците од книжевната кариера.
Затоа, доколку го сакате раскажувачкиот стил на Анѓелков, топла препорака за оваа неформална трилогија во специјално руво.
500,00 ден -
ТИТО: вечниот партизан
600,00 денКнигата „Тито: вечниот партизан“ на германската историчарка Мари-Жанин Чалиќ претставува сеопфатен приказ на животот на Јосип Броз Тито, една од најзначајните личности на 20-от век. Авторката се занимава со животниот пат на Тито, од неговото скромно детство во Кумровец, преку улогата на водач на југословенските партизани за време на Втората светска војна, па сè до воспоставувањето и долгогодишното владеење во социјалистичка Југославија.
Чалиќ го анализира Тито како политичка и симболична фигура, нагласувајќи ја неговата способност да балансира помеѓу Истокот и Западот за време на Студената војна, што му донесе голем углед на меѓународната сцена. Книгата, исто така, ги истражува контроверзиите поврзани со неговиот авторитарен начин на владеење, политичките пресметки со ривалите и неговите напори за зачувување на сложената и разновидна југословенска федерација. Авторката му пристапува на Тито со историска дистанца и настојува да избегне идеализација или демонизација. Преку комбинација на архивски извори и современи истражувања, Чалиќ дава избалансиран портрет на човекот кој ја обележа историјата на Балканот и пошироко. Книгата е значаен придонес за разбирање на југословенската историја, како и на поширокиот контекст на 20-от век.
„Мари-Жанин Чалиќ раскажува со големо знаење и со стил кој Ве повикува да продолжите да читате, страница по страница“. Михаел Мартенс, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг
„Историјата раскажана на достапен и живописен начин е белег на историчарката, која веќе има напишано две стандардни дела за подобро разбирање на мултиетничкиот лавиринт: „Историјата на Југославија во 20 век“ (2010) и „Југоисточна Европа. Светската историја на еден регион“ (2016)“. Томас Розер, Тагеблат
„Авторката успеала да создаде добра и, пред сè, многу читлива биографија. Таа не само што самоуверено продира, го совладува, уредува и презентира обемниот материјал, туку читателска публика има можност да дознае за нови важни аспекти од современата историја“. Клаус Бухенау, Годишници за историјата на Источна Европа
699,00 ден -
Црвените очи
200,00 денВо својот втор роман, Леруа ни пренесува дел од нејзиното искуство од разговорите на социјалните мрежи со човекот кој во книгата го носи името Денис. Таа одговара на неговата покана за пријателство, охрабрена што имаат неколку заеднички пријатели на Фејсбук.На почетокот, епистоларното пријателство се сведува на речиси симпатична размена на животните приказни. Но, стапицата над жртвата полека се затвора.350,00 ден -
Идис
300,00 денРобер Бадентер ја напишал оваа книга од почит кон својата баба по мајка, Идис. Пишувајќи за нејзиниот живот и патешествието на семејството како еврејски емигранти на Руската империја, Бадентер дава еден неверојатен приказ на животот на неколку генерации на семејството на неговата баба како еврејски емигранти, дојдени во Париз пред 1914 год.
Незаборавно книжевно доживување!
390,00 ден -
Burri im
200,00 ден„Burri im” përmban 11 tregime të rrëfyera nga perspektiva e një gruaje, tregime të cilat flasin për jetën e tyre. Janë gra të cilat ne i takojmë dhe i shohim çdo ditë – amvise, artiste, afariste, profesoresha… Çdo tregim flet për marrëdhëniet e tyre me burrat dhe me fëmijët, me rrethin dhe me shoqërinë.
Por, gjithashtu, secila prej tyre është një kritikë në vete për patriarkatin, i cili është aq thellë i gdhendur në shoqërinë tonë. Secila prej tyre flet për disa gjëra të përditshme, të cilat në shikim të parë janë të zakonshme, dhe pikërisht për shkak të kësaj është edhe pasqyrimi i një realiteti të heshtur nëpër të cilin çdonjëri prej nesh kalon.
300,00 ден -
Животот на смртта
250,00 ден„Серијата на создадени дела кои можеби најмногу соодветствуваат со заедничкото именување „текст-цртеж“ на Перо Георгиев, дивергира кон неколку епистемолошки категоризации. Графичкиот (цртачкиот) спектрум изобилува со мноштво на композитни пораки кои минуваат низ три клучни стилски преобразби: интимен свет, општествено опкружување и универзални вредности. Текстуалните предлози навидум конвергираат кон истите теми кои се обработуваат во цртежот, но тие поседуваат сопствена автономија на мислата, која вешто се преобразува низ екстензија на нови исцртани или илустрирани замисли. Она што ја прави оваа графема или прозна сликовност невообичаена и исклучителна е опсегот на теми и проблематики кои го окупираат интимниот свет на Георгиев, подготвеноста за воспоставување на општа дискурзивна полемика и своевидна артикулација во облик на социо-естетика“.
Натали Рајчиновска Павлеска, ликовен критичар и теоретичар
450,00 ден

КРЕАТИВНА ЕВРОПА







