Прикажани се 4 книги

  • Луѓето, а не градот

    „Луѓето, а не градот“ е слоевито, хибридно дело, одлично обмислена комбинација од реални животни приказни обликувани низ книжевно-раскажувачка визура, кои се движат низ хронотопот град Скопје во текот на неколку децении. Со тоа, на читателите им се дава фунционален објектив низ кој ги следат трансформациите на урбаниот простор, како и на начинот на живот, менталитетот, навиките, гледиштата на скопските жители од различни маала на градот. Всушност, книгата е еден вид на „Музеј на сеќавањата“, како што се вели и во самиот текст, на скопски маала кои постоеле и веќе ги нема, кои постоеле и сè уште постојат, кои постоеле под едни имиња, а потоа се интегрирале со други населби и имињата останале само во сеќавањата на нивните жители“.

    Калина Малеска

    „Мемоари на урбофилија, полифонична хроника, архива на носталгијата, документарна проза, скопски сведоштва, прозно кроки на Скопје, колаж од сеќавања… сите овие одредници укажуваат на тоа дека од многуте документарни предлошки е искомбинирано нешто што легитимно се препознава како постмодерна проза“.

    Соња Стојменска-Елзесер

    230,00 ден
  • Слики со животна уверливост

    „Ова е дело кое несомнено недостасува во македонската филмска литература, не само како теориски труд при кој се објаснува процесот на филмската монтажа како важен творечки сегмент во аудиовизуелното обликување на документарниот филм преку анализа на делата на Владимир Блажевски, туку се обидува да укаже и на важноста и нужноста од авторски документарни филмови во Македонија. Делото зборува за креирањето на документарниот филм како комплексна и одговорна задача со темелна опсервација и сликовен опис на нештата, апострофирајќи ја филмската монтажа која ги истакнува латентните вредности на материјалот“.

    м-р Лазар Секуловски, декан на ФДУ во Скопје

    150,00 ден250,00 ден
  • Молчи со отворена уста

    Татко ми воздивна, а потоа со прашален поглед изусти:
    „Што да правиме сега со документиве?“
    „Може ли да ги задржам кај мене? Можеби ќе ми се најдат некогаш, ако решам повторно да пишувам. Важно е дека сега знаеме нешто повеќе од претходно.“
    „Што со тоа?“, повеќе за себе прокоментира татко ми.
    „Ништо особено. Ја знаеме вистината. Не целосно, делумно. Но, барем малку ќе нè успокои… евентуално да ни ги олесни живејачката и умирачката“, му одговорив насмевнувајќи се.

    270,00 ден
  • Единаесет жени

    „Секогаш кога на македонската книжевна сцена се претставува жена-автор, веднаш се потенцира фактот на „женското писмо“. Иако во текстот на Младеновска Анѓелков машките ликови се маргиналци од најголем степен, во него нема да најдете речиси ниту трага од онаа традиционално „женска“ литература преполнета со излишна реторика и внатрешни сензации. Освен тоа што раскажувањето е речиси камерманично, без претераност во психологизацијата, истовремено е и толку дрско, „машко“: јазикот е доведен до сурово, колоквијално ниво, сликите се потресни и вознемирувачки, случките се крајно вџашувачки, стилот е храбар и бескомпромисен. Авторката не се обидува ништо да премолчи, не ги ампутира или прикрива болните и/ли трауматични места. Сосема спротивно. Таа гази одлучно и сигурно по стапките кои водат кон детството на „двете жени“, раскривајќи ни склоп од ликови кои веројатно се носители и олицетворение на сличните мани и доблести како и во секое скопско маало, а истовремено тоа го прави со нерв за локална боја, без отфрлање на тегобноста, раскриено и толку читливо, сталожено иако крајно вознемирувачки, при што гради потресно привлечен ракопис. Со него, „Или-или“ во нагорна линија ја продолжуваат својата издавачка одредба да ги публикуваат новите „женски писма“ во Македонија, иако овој храбар „женско-неженски“ текст им бега умешно на ваквите квалификации“.

    Жарко Кујунџиски

     

    *Книгата ја доби на наградата „Роман на годината“ на Утрински весник за 2011 година

    150,00 ден