Голтка восхит од солзите на вечноста

200,00 ден

„Можеби некој во поезијата на Русјаков ќе препознае далечен одек од она што некогаш се нарекуваше „граѓанска“ или „ангажирана поезија“. Сеедно. Но, таа не го содржи во себе нивниот идеолошки идеализам, витализам и поента или децидна порака за хуманизам и етика. Таа, според нас, е најблиска до битничката позеија, која повеќе децении беше хит на Западот, а и денес не пресушила. Битничката поезија значеше бунт против истрошената и брутална капиталистичка цивилизација, која за најголема вредност го прогласи капиталот, а за најголема филозофија, филозофијата на материјалниот профит”.

Ефтим Клетников

ШИФРА: 268
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2016

Број на страници

204

Превод/Препев

/

Ова е првата поетска збирка на авторот, по трите прозни изданија „Ме сакаш ли под дождот“ (2010), „Тринаесеттиот месец“ (2012) и „Атена со пенис“ (2014), сите во издание на ИЛИ-ИЛИ.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.