Клупа меѓу светови

100,00 ден200,00 ден

Втората поетска збирка „Клупа меѓу светови“ на Горана Митровиќ во која поетскиот субјект, тој „осамен нудист на брегот на изложените чувства“ со автентичен, бескомпромисен и човечки глас изјавува: ја знам единицата мерка за сопствената сила/ на крајот сум или на почетокот?!/најчиста бев кога изгубив сè/правиме плетенка од нашите судбини/во кругот сум/песни претворени во некролози/градот ми беше пружена дланка па сепак, брзав дома за да се осамам/убав е нашиот кревет кога не сме во него и др. заслужува да се прочита во целост за да се открие контекстот и суштината не само на посочените стихови туку и на секоја песна пооделно. Во свет во кој или животот и смртта нè лажат или се самозалажуваме, песните на Горана Митровиќ се песни „со кои се учи вистината“.

Лидија Димковска

ШИФРА: 267
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2016

Број на страници

85

Превод/Препев

/

Горана Митровиќ дипломирала на Архитектонскиот факултет во Скопје. По дебитантската книга „Индиго есен“ (Блесок, 2014), ова е нејзина втора збирка со поезија, создадена во периодот 2014-2016 година.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.