Среќна Нова 2026!!!

Среќна Нова 2026!!!

Драги читатели и пријатели, време е да ја испратиме 2025-тата и да ја пречекаме новата, 2026 година. Годината во која имавме 27 објавени книги (изданија и реизданија) дефинитивно сакаме да ја прогласиме за успешна издавачка година, со ветување дека и за следната подготвуваме разни книжевни изненадувања. Се разбира, сакаме да Ви се заблагодариме за поддршката […]

Празнични попусти!!!

Празнични попусти!!!

Драги наши, време е за традиционалните празнични попусти, кои започнуваат од утре, 24 декември, а ќе траат до 10 јануари, притоа нудејќи Ви попусти на Вашите омилени изданија до 70%. Ваше е да ги одберете насловите кои во меѓувреме сте ги посакувале за себе, или пак да одберете книги кои за време на празниците ќе […]

Промоција на вториот дел од серијалот со суперхероината Илина

Промоција на вториот дел од серијалот со суперхероината Илина

Драги читатели, дојдете во „Вудсток“ во сабота (20.12) во 17 часот да прославиме НОВА КНИГА и НОВА ГОДИНА! За мали и големи деца, нашата Илина се враќа со нови авантури во „Илина и тајните на Бабин Заб“. Предновогодишно, од нас за вас, ќе го промовираме вториот дел од серијалот за Илина, Папрат, Вирџинија и целата […]

„Градинарот и смртта“ за успешно заокружување на издавачката година

„Градинарот и смртта“ за успешно заокружување на издавачката година

Драги наши, се радуваме што оваа успешна издавачка година за нашата и Ваша „ИЛИ-ИЛИ“ ќе ја заокружиме на најдобар можен начин, со преводот на актуелниот роман „Градинарот и смртта“ од Георги Господинов. Ова е книгата која во интернационални рамки беше една од најзабележителните и која веќе фигурира на листите на најуспешни прозни објави за 2025 […]

Нова збирка раскази од Емил Крстески

Нова збирка раскази од Емил Крстески

Почитувани читатели, со задоволство ја најавуваме и последната книга за плодната 2025 година на издавачки план. Во вторник, на 16 декември, ќе ја објавиме новата збирка раскази од Емил Крстески насловена „Не правете го тоа во мојот автомобил“. По прекрасните приказни во „Три дена во Париз“, повторно соработуваме со авторот кој знае како да ги […]

Два романа од Дарко Цвијетиќ, ново во едицијата „ПРОаЗА“

Два романа од Дарко Цвијетиќ, ново во едицијата „ПРОаЗА“

Драги читатели, со радост Ве информираме дека следната недела од печат ќе излезат преводите на двата романа од босанскиот писател Дарко Цвијетиќ, „Шиндлеровиот лифт“ (превод на Елизабета Баковска) и „Зошто наземи спиеш“ (превод на Калина Буневска Исаковска). ОБјавувањето на „Шиндлеровиот лифт“ е поддржано од книжевната мрежа „Традуки“. Дарко Цвијетиќ (1968, Љубија Рудник) е босанскохерцеговски прозаист, […]

Шармантната, хумористична и уникатна Илина во нова авантура

Шармантната, хумористична и уникатна Илина во нова авантура

Драги читатели, со радост ја најавуваме новата книга во едицијата за деца и млади „И ете приказна“. По „Илина и шумските тролови“ која наиде на одличен интерес, еве ја нашата хероина во нова авантура насловена „Илина и тајните на Бабин заб“. Книгата на Хана Корнети, која е втор дел од најавената трилогија, од печат излегува […]

„Ноември“, прва стихозбирка од Игор Анѓелков

„Ноември“, прва стихозбирка од Игор Анѓелков

Есента во ИЛИ-ИЛИ, како никогаш досега, дефинитивно и’ припаѓа на поезијата! По книгите од Исаковски, Пејчинова, Господинов… оваа „поетска есен“ ќе ја заокружиме и со дебитантската стихозбирка на Игор Анѓелков симболично насловена „Ноември“. Книгата излегува на 5 ноември, на роденденот на авторот, и таа е негово 12-то објавено издание, по седумте прозни и четирите филмско-есеистички […]

Поезија од Господинов на македонски јазик

Поезија од Господинов на македонски јазик

Драги љубители на ракописот на Георги Господинов, по шесте прозни изданија и една детска книга, со радост го најавуваме објавувањето на првата стихозбирка од омилениот Георги Господинов, насловена „Таму каде што не сме“, во препев на Никола Маџиров. Книгата официјално ќе излезе во вторник, на 4 ноември, а нејзиното објавување е поддржано од „Традуки“ и […]

„Ништо“ од Ханиф Курејши – промотивно!!!

„Ништо“ од Ханиф Курејши – промотивно!!!

Драги читатели, со огромно задоволство го најавуваме објавувањето на новиот превод на книга од Ханиф Курејши. Се работи за неговиот котраверзен роман „Ништо“, кој одлично се надоврзува на она што во претходните книги ни го „подари“ овој британски писател. Преводот од англиски јазик е на Милан Дамјаноски. Во својот роман „Ништо“, Курејши нè воведува во […]

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна