Собрана поезија од Игор Исаковски

Собрана поезија од Игор Исаковски

Драги читатели, пријатели и почитувачи на Игор Исаковски, На 19 септември, денот кога е роден пред 55 години, ќе ја претставиме книгата со севкупното поетско творештво на Игор, книга од 700 страници што ќе преставува книжевен паметник за една од највозбудливите појави во македонската поезија. По тој повод, Ве каниме на неформална дружба во негова […]

Put your shoes, and GO!

Put your shoes, and GO!

На синоќешната промоција на „Кон езерото“ и „Граница“ во „Буква“, писателката Капка Касабова раскажуваше за своето искуство при пишувањето на книгите. Таа истакна дека ние овде, на Балканот, многу повеќе говориме отколку што слушаме. Уметноста на слушањето, според неа, е онаа која секој писател треба да ја поседува. „При пишувањето, претпочитам искуственост, односно, како се […]

Геопоетика на езерото

Геопоетика на езерото

пишува: Елизабета Шелева „Езерото не можеш да го затвориш во хронологија.Тоа е место каде завршуваат сите патишта“. (Касабова, 2022:192) Во оваа свечена прилика, кога одбележуваме половина век од меѓународната научна конференција при МСМЈЛК (во препознатливиот амбиентален простор, кадешто таа опстојува) –  аналитичкиот  фокус на ова истражување пригодно се совпадна со самиот амбиент, но и темата […]

Капка Касабова во Скопје!

Капка Касабова во Скопје!

Драги читатели, со особена радост Ве информираме дека на 20 август, од шкотските гори во Скопје ни доаѓа феноменалната Капка Касабова! Со светски прославената авторка на документаристичка проза ќе зборуваме за „Кон езерото“ и „Граница“, преведени на македонски јазик, но и за „Еликсир“ и „Анима“ со кои Капка ја заокружи замислената балканска тетралогија, а за […]

“Киклоп” од Маринковиќ во едицијата “ПРОаЗА”

“Киклоп” од Маринковиќ во едицијата “ПРОаЗА”

Драги читатели, Со радост ве информираме дека новата книга во едицијата “ПРОаЗА” е преводот на славниот роман “Киклоп” од хрватскиот писател Ранко Маринковиќ. Преводот од хрватски е на Владимир Јанковски и истиот е овозможен со поддршка на фондацијата ТРАДУКИ и Министерството за култура и медиуми на Р. Хрватска. Романот „Киклоп“ е едно од најзначајните дела […]

Второ издание на романот „Утеха за голите“ од Давор Стојановски

Второ издание на романот „Утеха за голите“ од Давор Стојановски

Со радост Ве информираме дека денес од печат излезе второто издание на „Утеха за голите“ од Давор Стојановски, оригинално објавено во 2018 година. За романот, кој излезе две години по наградениот „Собирачи на пепел“, рекоа: „Утеха за голите е навистина нешто поинакво: хибриден, искршен и комплексен роман со голема и суверена амбиција, впечатлива монтажа, лизгање […]

Книгите од Анѓелков во фокус на „Летните приказни“

Книгите од Анѓелков во фокус на „Летните приказни“

Драги читатели, по минатонеделниот фокус на едицијата „Виртус“, летните приказни ги продолжуваме со персонализирана седмица посветена на книгите од Игор Анѓелков, авторот со најмногу ИЛИ-ИЛИ изданија. Во текот на летото ќе имаме седмици посветени на неколку автори, а серијалот го започнуваме токму со делата на Анѓелков, кој во моментов е актуелен дури со три наслови: […]

Промоција на новата збирка раскази од Хана Корнети

Промоција на новата збирка раскази од Хана Корнети

Драги читатели, со радост Ве информираме дека во вторник, на 27 мај во 20 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе ја промовираме новата збирка раскази од Хана Корнети насловена „Каде леташ, Јулија?“, која излезе во очи на неодамнешниот Саем на книгата. Промотор ќе биде Александар Маџаровски, а потоа вечерта со свој настап ќе ја збогати и […]

ИЛИ-ИЛИ на „Саем на книга 2025“

ИЛИ-ИЛИ на „Саем на книга 2025“

Драги читатели, ИЛИ-ИЛИ на традиционалниот годишен „Саем на книга“ во Скопје се претставува со возбудливи книги. Од минатата до оваа година приредивме дваесетина изданија во различни едиции кои, сигурни сме, ќе го предизвикаат вашето внимание. Како и секогаш, освен на саемот, истовремено ќе работи и книжарницата со поинакво работно време, од 11 до 19 часот, […]

Видео запис од промоцијата на романот „Јод“

Видео запис од промоцијата на романот „Јод“

Драги читатели, повелете линк од промоцијата на романот „Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков. Ова е добра можност за сите оние што не беа присутни на настанот на 23 април да видат и чујат што се зборуваше за книгата, и секако, за присутните да се потсетат на оваа убава книжевна вечер во кафе-книжарницата „Буква“.

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна