Второ издание на романот „Утеха за голите“ од Давор Стојановски

Второ издание на романот „Утеха за голите“ од Давор Стојановски

Со радост Ве информираме дека денес од печат излезе второто издание на „Утеха за голите“ од Давор Стојановски, оригинално објавено во 2018 година. За романот, кој излезе две години по наградениот „Собирачи на пепел“, рекоа: „Утеха за голите е навистина нешто поинакво: хибриден, искршен и комплексен роман со голема и суверена амбиција, впечатлива монтажа, лизгање […]

Книгите од Анѓелков во фокус на „Летните приказни“

Книгите од Анѓелков во фокус на „Летните приказни“

Драги читатели, по минатонеделниот фокус на едицијата „Виртус“, летните приказни ги продолжуваме со персонализирана седмица посветена на книгите од Игор Анѓелков, авторот со најмногу ИЛИ-ИЛИ изданија. Во текот на летото ќе имаме седмици посветени на неколку автори, а серијалот го започнуваме токму со делата на Анѓелков, кој во моментов е актуелен дури со три наслови: […]

Промоција на новата збирка раскази од Хана Корнети

Промоција на новата збирка раскази од Хана Корнети

Драги читатели, со радост Ве информираме дека во вторник, на 27 мај во 20 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе ја промовираме новата збирка раскази од Хана Корнети насловена „Каде леташ, Јулија?“, која излезе во очи на неодамнешниот Саем на книгата. Промотор ќе биде Александар Маџаровски, а потоа вечерта со свој настап ќе ја збогати и […]

ИЛИ-ИЛИ на „Саем на книга 2025“

ИЛИ-ИЛИ на „Саем на книга 2025“

Драги читатели, ИЛИ-ИЛИ на традиционалниот годишен „Саем на книга“ во Скопје се претставува со возбудливи книги. Од минатата до оваа година приредивме дваесетина изданија во различни едиции кои, сигурни сме, ќе го предизвикаат вашето внимание. Како и секогаш, освен на саемот, истовремено ќе работи и книжарницата со поинакво работно време, од 11 до 19 часот, […]

Видео запис од промоцијата на романот „Јод“

Видео запис од промоцијата на романот „Јод“

Драги читатели, повелете линк од промоцијата на романот „Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков. Ова е добра можност за сите оние што не беа присутни на настанот на 23 април да видат и чујат што се зборуваше за книгата, и секако, за присутните да се потсетат на оваа убава книжевна вечер во кафе-книжарницата „Буква“.

Промоција на „Нешто трето“ од Максим Ристески

Промоција на „Нешто трето“ од Максим Ристески

Со радост Ве информираме дека в понеделник, на 5 мај од 19 часот, во кафе-барот „Кашмир“ ќе се одржи промоцијата на новата прозна објава од Максим Ристеси, збирката раскази „Нешто трето“. Промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Ивица Димитријевиќ, а настанот ќе го модерира Игор Анѓелков. „Расказите на Максим Ристески кријат комплексни светови и длабоки […]

Три во едно: „Кротко-крајпатни синтези“ од Игор Анѓелков

Три во едно: „Кротко-крајпатни синтези“ од Игор Анѓелков

Драги читатели, Ве информираме дека утре од печат излегува специјалното издание насловено „Кротко-крајпатни синтези“, кое ги содржи првите три објавени книги од Игор Анѓелков: збирката раскази „Кротки приказни“ (2006) и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013). „Кротки приказни“ е одамна распродадена, и ова ќе биде нејзино прво реиздание, додека романите досега имаа две изданија, […]

Актуелниот роман на Зарев на македонски јазик

Актуелниот роман на Зарев на македонски јазик

Драги читатели, со задоволство Ве информираме дека денес од печат излезе преводот на актуелниот роман „Загубени во слободата“ од Владимир Зарев. На тој начин, по објавувањето на „Пропаст“ и „Чудовиштето“, ова е трет роман на македонски јазик на еден од најценетите бугарски писатели, во превод на Бранислав Мирчевски. „Загубени во слободата“ е роман кој ја […]

„Конзервирани импресии“ од Горан Стефановски во едицијата „Виртус“

„Конзервирани импресии“ од Горан Стефановски во едицијата „Виртус“

Почитувани, со задоволство Ве информираме дека една од омилените книги на неколку генерации, која изобилува со мудрости од нашето секојдневие, си најде свое соодветно место во нашата и Ваша едиција „Виртус“. Читателите повторно можат да уживаат во луцидните забелешки на мајсторот на перото Горан Стефановски, овој пат во ново руво. Поголемиот дел од „конзервираните импресии“ […]

Промоција на романот „Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Промоција на романот „Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Драги читатели и пријатели, Ве покануваме на промоцијата на актуелниот роман „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков, на 23 април (среда) од 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“. Авторката и Марија Стефанова (психолог/психотерапевт) низ разговор ќе ја претстават содржината на овој кус, но силен роман објавен кон крајот на минатата, 2024 година. Романот што започнува како потрага […]

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна