„Латински цитати, изреки и фрази“, ново во едицијата „Арго“

Збирките со латински цитати во националните култури имаат посебен статус и повеќевековна традиција. Нивната бројност во светот е одраз на свеста на креаторите на културните политики за тоа дека збирките со латински цитати, поговорки и фразеолошки изрази се од капитално значење во националната култура на една земја, пред сѐ, поради фактот што многу од одредниците од коишто се состојат овие збирки, и покрај тоа што се создадени пред многу векови, и ден-денес се присутни во многу сфери од современата стварност.

Од денес, 24 октомври, „Латински цитати, изрази и фрази“ и во Македонија, на 516 страници и со 4856 единици, подредени по абецеден редослед, во предговор, избор, превод од латински и коментари на Светлана Кочовска Стевовиќ.

„Латински цитати, изреки и фрази“ е збирка од нешто помалку од 5 000 латински цитати, изреки, фрази, правни максими, девизи на поединци или групи, здравствени препораки, хералдички гесла и други куси латински изрази од различна провениенција. Најбројни се цитатите од римската книжевност, од латинскиот превод на Библијата (Vulgata) и од некои подоцнежни дела. Поради широкиот опсег на употреба многу од овие цитати стекнале статус на поговорки. Одраз на нивната огромна популарност низ вековите е влијанието што го извршиле врз фразеолошкиот фонд и врз паремиската граѓа на современите јазици. Многу од овие цитати, изрази и фрази и денес се присутни во книжевноста, журналистиката, јавниот дискурс и популарната култура.

Единиците што се поместени во збирката „Латински цитати, изреки и фрази“ се подредени по абецеден редослед, а наместа по преводот следи кус коментар со појаснувања на значењето, потеклото и(ли) на контекстот во кој изразот бил употребен.

ИЛИ-ИЛИ,

Ваше право на добра КНИГА!

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна