Срце толку бело

200,00 ден420,00 ден

„Срце толку бело е една од оние необични книги кои одеднаш добиваат статус на манифест и создаваат нови стилови и вредности во книжевноста.”

Le Monde

„Ова е најдобриот и најамбициозниот роман на новиот голем глас на шпанската литература.”

El Pais

„Суптилен роман напишан од вистински литературен гениј. Не може да се спореди со ниедно друго дело од современата книжевност.”

Das Literarische Quartett

„Прекрасна и сложена приказна, напишана на извонреден стил, богата со книжевни алузии и длабоки психолошки портрети. Брилијантен роман.”

Washington Post

ШИФРА: 52
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2011

Број на страници

303

Превод/Препев

превод од шпански: Славица Гаџова

Хавиер Маријас (1951) е еден од најистакнатите современи шпански прозаисти, преведувачи и колумнисти. Роден е во Мадрид во семејство на интелектуалци, остри противници на режимот на Франко.

Ги објавил следните романи: „Волчји поседи“ (1971), „Крстарење по хоризонтот“ (1972), „Владетел на времето“ (1978), „Век“ (1983), „Сентиментален човек“ (1986), „Сите души“ (1989), „Срце толку бело“ (1992), „Напишани животи“ (1992), „Утре во битката помисли на мене“ (1994), „Црните плеќи на времето“ (1998), „Твоето утрешно лице“ (1, 2 и 3, 2002-2004).

За романот „Срце толку бело“ во 1997 година ја добива меѓународната книжевна награда „IMPAC“ во Даблин.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.