Промоција на романот „Идис“ од Робер Бадентер

Драги читатели,

утревечер (четврток, 15 февруари) во 18 часот, во просторот на Францускиот институт во Скопје ќе се одржи промоцијата на неодамна објавениот роман „Идис“ од Робер Бадентер, во превод на Гзиме Старова.

Настанот има уште една содржина. Имено, истата вечер ќе се промовира и графичкиот роман „Везење“ од Марџан Сатрапи“ во издание на колегите од „Бункер“, во превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска.

Организаторите на овој двоен настан во соопштението до јавноста нагласуваат:

„Домашните издавачки куќи вистински се залагаат околу преведувањето француски дела. Францускиот институт има за цел на оваа средба да ја истакне работата на две издавачки куќи: „Или-Или“ и „Бункер“.

Настанот ќе се одвива на македонски јазик, а ќе го отвори директорот на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка, г-дин Иго Бештел. Збор ќе земат одговорните лица од двете издавачки куќи, како и преведувачите, кои ќе проговорат околу преведувачките дилеми и предизвиците во областа на издавањето“.

Ве очекуваме!

 

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна