Промоција на вториот дел од серијалот со суперхероината Илина
Драги читатели,
дојдете во „Вудсток“ во сабота (20.12) во 17 часот да прославиме НОВА КНИГА и НОВА ГОДИНА!
За мали и големи деца, нашата Илина се враќа со нови авантури во „Илина и тајните на Бабин Заб“.
Предновогодишно, од нас за вас, ќе го промовираме вториот дел од серијалот за Илина, Папрат, Вирџинија и целата нивна банда – овој пат, проширена со нови пријатели и сплотена во решавање на нови мистерии.
Вие дојдете да се дружиме, а ние ќе подготвиме мааалечко изненадување за вас, нашите први читатели!
Илина е една година постара и се справува со нови предизвици како во волшебниот, така и во неволшебниот но еднакво чуден свет. Приказната фршти со очекуваниот хумор додека Илина учи, на потешкиот начин, дека се’ што вреди да се има и да се биде, бара труд и трпение.
Промотори на супер интересниот серијал на Хана Корнети се верните читатели Ивана Марковска Доковска, Каја Атанасова Ѓорѓиева и Јован Стаменов.
Ве очекуваме!!!

КРЕАТИВНА ЕВРОПА