„Поглед однатре“ на Светомир Шкариќ
Почитувани,
како специјално издание, денес од печат излезе книгата „Поглед однатре“ на долгогодишниот професор на Правниот факултет во Скопје, Светомир Шкариќ.
Во оваа книга авторот го согледува Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје од неговата внатрешна страна. Пишува за улогата на професорите во развојот на правото во времето од 1960 до 1990 година и за спомените што ги оставиле зад себе. Пишува и за уривањето на угледот на Правниот факултет во периодот на транзицијата од социјализам во капитализам. Го опишува и амбиентот во амфитеатрите и предавалните, ги нотира разговорите во ходниците и на Наставно-научниот совет и влегува во архивата на Факултетот. Книгата е поука за одбрана на Факултетот од фалсификатите, непотизмот и незаконитото унапредување во повисоките научни звања.
Светомир Шкариќ е македонски правник, универзитетски професор и еден од најистакнатите познавачи на уставното право во Македонија. Роден е во 1941 година во Дојран. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје, а магистрирал и докторирал на Правниот факултет во Белград. Бил професор по уставно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Автор е на бројни трудови од областа на уставното право, политичкиот систем и демократијата.

КРЕАТИВНА ЕВРОПА