Леа Ипи во Скопје!
Во понеделник (24 август) во „Лабораториум“ во 19 часот, во рамките на годинешниот „Букстар“ фестивал, гостува писателката Леа Ипи. Што значи за неа да се биде слободна во модерен контекст, наспроти духовите од минатото, на најдобар можен начин опишува во наградуваната книга „Слобода“ во издание на „ИЛИ-ИЛИ“, а во превод на Калина Малеска, која ќе биде и модераторка на настанот.
Леа Ипи e родена 1979 година во Драч, Албанија Taa e универзитетски професор, предава политичка теорија на Лондонската школа за економија (London School of Economics). Студирала филозофија и литература на римскиот универзитет „Сапиенца“, а докторирала на Европскиот универзитетски институт (EUI) во Фиренца. Полето на нејзиниот научен интерес ја опфаќа нормативната политичка теорија, политичката мисла на Просветителството (Кант), се занимава со марксизам, критичка теорија, национализам, интелектуална историја на Балканот (особено на Албанија). Неодамна британскиот часопис „Проспект“ ја вброи меѓу десетте најзначајни светски мислители.

КРЕАТИВНА ЕВРОПА