Вера Чејковска (Скопје, 1954) е македонски поет, есеист, доктор на физички науки, добитник на македонските поетски награди „Млада Струга“, „Кочо Рацин“, „Ацо Шопов“ и „Браќа Миладиновци“.

Изворно, на македонски јазик, ги објавила поетските книги: „Човек и врата“ (1975), „Множење на словото“ (1986), „Опит“ (1992), „Отсуството на Благиот“ (1993 – избор), „Рабови“ (2007), „Отсуството на Благиот II“ (2008 – избор) и „Моите веди“ (2013).

Издадени се два нејзини поетски избори на англиски и еден на албански јазик. За нејзината поезија се напишани над триесетина засебни текстови од дваесетина познати македонски критичари, во кои општите оценки се движат од антитрадиционалност во однос на целокупната македонска поезија до постмодернизам и пост-постмодернизам.