Прикажана е една книга

  • Приказна од Ефес: Антија и Хаброком

    „Приказна од Ефес: Антија и Хаброком“ е љубовен роман од првите векови на нашата ера. Авторот нè води на возбудливо патување низ источниот Медитеран на кое судбината немилосрдно ги раздвојува двајцата главни протагонисти ставајќи ја на тест нивната љубов. На ова патување, исполнето со опасности од пирати, разбојници и намерници, Антија и Хаброком му пркосат на секој нов предизвик, а со секое ново страдање нивната љубов станува посилна. Дали ќе ја победат суровата игра на судбината и дали заедно ќе се вратат во родниот Ефес?

    Се смета дека 33-тата новела на италијанскиот поет Масучо Салернитано, „Мариото и Џаноца“, објавена во Наполи во 1476 година, била инспирирана од Ксенофонтовата „Приказна од Ефес: Антија и Хаброком“. Оваа новела, подоцна преработувана од Луиџи да Порто, Матео Бандело и Артур Брук, била инспирација за Шекспировата „Ромео и Јулија“.

    270,00 ден