Прикажани 41–47 од 47 книги

  • Ќе ви плукам на гробовите

    Без сомнение, сите романи на култниот француски писател Борис Вијан се подеднакво вредни за внимание. Но, „Ќе ви плукам на гробовите“ зазема посебно место во неговата библиографија, бидејќи се појави во време кога никој не очекуваше вакво пецкаво четиво кое вознемири многумина.

    Романот излезе во бурните години по Втората светска војна како резултат на облогот кој падна меѓу Вијан и младиот издавач Жан Делуан, кој не веруваше дека може да се случи успешна книга на француски јазик која кокетира со ултра популарниот жанр во тоа време меѓу публиката, американскиот „роман ноар“. На крајот испадна дека облогот се исплатеше, и на читателите им требаше долго време да сфатат дека писателот и преведувачот се иста личност, бидејќи романот беше потпишан со псевдоним.

    Освен тоа, Претседателот на Здружението за социјални и морални активности во Франција покрена тужба против делото заради повреда на моралните вредности. Романот беше прогласен за „порнографски“, но тоа само додатно помогна во неговата промоција и истиот се продаваше како алва. Набргу на страниците за „Црна хроника“ осамна и приказната за трговецот кој ја убил љубовницата потоа одземајќи си го и својот живот, а полицијата крај неговото тело ја пронашла токму книгата на Вијан, отворена на страната каде книжевниот херој ја убива својата девојка, по што легендата за романот веќе си зазема место во историјата.

    Или, талентираниот Борис Вијан со својот горчлив стил и острите реченици кои сечат како сатар несомнено ја поседува уметноста на неизвесноста, создавајќи драматично четиво кое изобилува со жешка атмосфера, исполнета со блудни нешта. Но, на провокативниот разврат му опонира со жигосување на одвратниот расизам, отворено изразуваќи го презирот кон сегрегацијата и кон лицемерието, кои се како брат и сестра.

    Величествено!

    200,00 ден330,00 ден
  • Викенд

    Бернхард Шлинк во својот роман „Викенд” не’ навраќа на една епоха и на животот на една генерација, која некогаш ја симпатизирала вооружената ослободителна борба на земјите од таканаречениот трет свет. Во фокусот стои фигура, која по многу детали потсетува на терористот на РАФ, Кристиан Клар.

    Но, во романот на Шлинк не се работи за тероризам. Ослободениот затвореник, кој треба да го води разговорот за време на викендот е отсутен во мислите. Зборува, воопшто кога има било што да каже, како пред дваесет и пет години. Револуционерниот патос е се’ уште присутен, иако здрвен и зараснат.

    Сепак Јерг има важна функција. Неговото присуство ги присилува другите повторно да се конфронтираат со своите животни лаги.

    200,00 ден370,00 ден
  • Стравот на голманот од пенал

    „На монтерот Јозеф Блох, кој порано беше познат голман, претпладнето кога се пријави на работа, му соопштија дека е отпуштен.”

    Така почнува новелата на Петар Хандке, која веќе стана класика. Таа не е ниту психограм на еден убиец, ниту патолошко истражување за некаков социјален аутсајдер, туку повеќе парабола за еден непознат свет кој повеќе не може да се именува.

    Хандке мајсторски го опишува очајот на поединецот, неговата изгубеност и истрошеност во современиот свет, депресијата и морничавоста на Европа во времето на Студената војна и малограѓанската австриска провинција. Сите нијанси на стравот пред самиот себе и својата околина се откриваат пред читателот низ особениот стил на Хандке.

    Јозеф Блох е вистински антијунак, од ден на ден во сè поголем расчекор помеѓу својот внатрешен живот и надворешниот свет на реалноста, а неговата шизофренија одлично ја оцртува состојбата на епохата.

    „Стравот на голманот од пенал“, според кој Вим Вендерс го сними прочуениот истоимен филм, го лансираше Петер Хандке меѓу најважните европски писатели во втората половина од 20. век.

    100,00 ден199,00 ден
  • Сто дена

    Дејството на „Сто дена“ се случува во Руанда во 1994 година, во период на граѓанска војна во која е извршен масакр на над половина милион луѓе. Главникот лик е Швајцарец кој оди во Руанда во политичка мисија и одеднаш се наоѓа во срцето на војната. Поминувајќи низ низа возбудливи и шокантни епизоди, главниот лик полека ја исцртува големата и сложена слика на Лукас Берфус за природата на насилството и за бесмисленото страдање.

    Ова е исклучително моќен и трогателен роман кој ги прикажува поразителните последици на современата Западна политика и се осврнува на човечките трагедии кои остануваат речиси потполно незабележани во бесчувствителниот и безмилосен свет во кој живееме.

    Заради храбрите теми и заради својот иновативен уметнички стил, „Сто дена“ беше во најтесната конкуренција за повеќе еминентни германски книжевни награди.

    100,00 ден330,00 ден
  • Есен во Пекинг

    Според публиката и критичарите, „Есен во Пекинг” е најсложениот и најуспешниот роман на Борис Виjан. Приказната се случува во една имагинарна пустина наречена Егзопотамија, каде сите главни ликови учествуваат во изградбата на железничка пруга која, всушност, не води никаде.

    Со специфично мешање на црн хумор и апсурдни сцени, Виjан ја зачинува оваа „пустинска“ авантура со крајно ексцентрични ликови какви што не се забележани во светската литература, освен можеби во „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол.

    Истовремено смешни и трагични, сериозни и апсурдни, допадливи и одбивни, овие незаборавни ликови живеат во мрачниот свет на Виjан, каде сè е можно, освен вистинската среќа.

    200,00 ден390,00 ден
  • Црешовото дрво и старите чувства

    „Во слики со светлечки интензитет, Марица Бодрожиќ раскажува за тоа што беше „Југославија“ и што значи да се биде во егзил; и покажува дека Арјета ќе има иднина само ако е подготвена да не ги затвори актите на своето минато. Тогаш црешовото дрво ќе прокрвави и ќе раскажува…“

    Карл-Маркус Гаус, Зидојче Цајтунг

     

    „Бегството во јазикот како последно средство на отпорот, е она што го носи целиот роман. Како можеме да се сетиме, како можеме да го совладаме сеќавањето? Тоа се прашањата што ја водат Арјета Филипо, раскажувачката во романот. Потекнува од Сараево, студира во Париз, потоа оди за Берлин и насекаде среќава други луѓе кои побегнале од војната во Југославија, но не наоѓаат мир во себе“.

    Андреас Платхаус, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

    150,00 ден299,00 ден
  • Книга на сеќавања 1 и 2

    Во романот „Книга на сеќавања“ авторот го опишува светот како систем на релации кои ги поврзуваат човечките тела едно со друго. Романот започнува да го пишува во седумдесеттите, работи на него десеттина години во многу опасни услови, дури со замисла дека никогаш нема да биде објавен. Мотото на овој роман е земен од евангелието спорен Јован: „Но Тој зборуваше за Храмот на Своето тело.“ Романот е преполн со такви врски, особени и фатални источноевропски јазли во кои секој аспект од личниот живот е заплеткан со идеологијата, и ужасните јавни лаги и предавства повторно се создаваат во микрокосмосот на приватните врски.

    Сузан Сонтаг, романот „Книга на сеќавања“ од Петер Надаш го нарече „најдобриот роман напишан во наше време“.

    Според Хофман, комунистичката Источна Европа ретко е гледана како предмет за рефлексија на Пруст. Романсиерите од овој ден на светот за време на студената војна настојувале системот да им биде главна тема, длабоко загризувајќи во мрачна сатира и бесмислосна алегорија. Но Петер Надаш во „Книга на сеќавања“, остварил еден изворенреден интересен потфат: во романот пренесува една свесност за Социјалистичкиот универзум и го затвора процепот меѓу предвоениот модернизам и Источна Европа. Овој огромен, психолошки комплекс, сензуално напишан роман успешно е поврзан со историската реланост, та поминал неколку години цензурски заборав пред да биде објавен во 1986 година.

    Името на Томас Ман често се доведува во релација со Надаш, како негов предходник на таа романсиерска традиција, која тој ја продолжува и предизвикува. Во секој случај романите на Ман имале големо влијание врз оние на Надаш.

    400,00 ден690,00 ден