Прикажани се 3 книги

  • Жената на скалите

    Жената на скалите е храбро, силно емоционално дело што кружи околу големите теми: загуба, привид, љубов, отуѓување и смрт“.

    Њуз

    „Прекрасно раскажан роман, без напрегања, роман за правото и моралот, за големите чувства и горчливите разочарувања“.

    Ди Зидостшвајц

    „Типична Шлинковска приказна, напишана во неговата типично едноставна, прекрасна проза“.

    Аугсбургер Алгемајне

    200,00 ден299,00 ден
  • Гордиевата врвка

    Георг Полгер, некогашен адвокат во Карлсруе, почнува да работи како слободен преведувач на југот на Франција. Се снаоѓа како знае и умее, повеќе лошо отколку добро, додека по чуден пат не стане шеф на преведувачкото биро специјализирано за преведување на техничка документација, а особено на документација за конструкција на борбени хеликоптери. Мислејќи дека конечно ги решил сите животни проблеми, Полгер почнува да паѓа во вртлог од случувања во кои станува главен играч на сложени, повеќеслојни шпионски игри кои се водат помеѓу руските, полските и американските тајни служби.

    “Прозата на Шлинк ја прави мајсторска пред се нејзината интелигенција. Тоа е интелигенција на здравиот разум, која доаѓа до израз низ способноста на читателот пластично да му се прикажат запрашаноста на јунакот и врските меѓу нештата.” Тилман Краусе, Die Welt, Берлин

    “Бернхард Шлинк е одличен раскажувач кој со јаснотија и трезвеност на судија ја води приказната кон самиот крај. А тој крај е исто толку логичен колку и изненадувачки.” Рајнер Шмуц, Focus, Минхен

    250,00 ден
  • Викенд

    Бернхард Шлинк во својот роман „Викенд” не’ навраќа на една епоха и на животот на една генерација, која некогаш ја симпатизирала вооружената ослободителна борба на земјите од таканаречениот трет свет. Во фокусот стои фигура, која по многу детали потсетува на терористот на РАФ, Кристиан Клар.

    Но, во романот на Шлинк не се работи за тероризам. Ослободениот затвореник, кој треба да го води разговорот за време на викендот е отсутен во мислите. Зборува, воопшто кога има било што да каже, како пред дваесет и пет години. Револуционерниот патос е се’ уште присутен, иако здрвен и зараснат.

    Сепак Јерг има важна функција. Неговото присуство ги присилува другите повторно да се конфронтираат со своите животни лаги.

    150,00 ден370,00 ден