Среќните луѓе не слават родендени

320,00 ден

Среќата денес е преценета работа. Денес полесно се доаѓа до среќа отколку во мое време. Секој втор локал е за игри на среќа, останатите се за брзи кредити за оние што немале среќа во игрите на среќа. Да, точно, има толку многу продавници каде што може да се купи среќа, цели зони каде што бесплатно или за мали пари може да се остварат најскриените желби. Ти се мочам јас на таквата среќа!

Јас се враќам од една таква зона, стари, од една таква продавница. Се враќам среќен, но за среќа тоа сум само јас, еден крајно добродушен и скромен човек. Во право си, среќата не е за секого. Замисли што ќе се случи кога сите ќе поверуваат во таа соба и кога сите ќе отидат брзајќи во зоната. Сите тие потенцијални императори, големи инквизитори, фирери од сите провениенции… И оние најлошите, таканаречените спасители на човештвото!

Во право си. Среќата не е за секого. 

ШИФРА: 225
Едиција:
Автор/ка

Број на страници

136

Година на издавање

2023

Сашо Кокаланов е филмофил, драмаџија, писател, поранешен новинар, редовен читател на „Забавник“, долгогодишен претплатник на „Њујоркер“ и страстен навивач на Наполи.

Ова е негов шести роман.

Ги сака драмите на Луиџи Пирандело, расказите на Вуди Ален, дневниците на Макс Фриш, прозата на Итало Звево, качувањата на Везув, посетите на Сан Паоло и сите специјалитети што содржат артичока.

Ја има ретката можност да биде платен за тоа што е негова најголема страст, па работното и голем дел од слободното време ги поминува гледајќи филмови и серии и љубопитно истражувајќи ги тајните на драмските занаети заедно со своите студенти на „Факултетот за драмски уметности“ во Скопје.