Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2016 |
Број на страници | 221 |
Ние сме лудаци
350,00 ден
„Ние сме лудаци е исконструиран и нестварен роман речиси колку животот. Ако отсекогаш сте мислеле дека никој и ништо не може да создаде понеобични и почудни нешта отколку што тоа го може самиот живот, еве текст-кандидат за натпревар. Натпревар на стварноста со пост-стварноста, на вистината со пост-вистината,.. натпревар на возови со шини, на спонтаност со режија, на политика со книжевност, на сатира со еротика, на хумор со безнадеж…
Долгот кон љубителите на писмото на Сашо Кокаланов со овој роман не што е отплатен со највисока камата, туку дури е и натплатен, па сега ние му должиме нему: читање, смеење и подголтнување, задоволство во текстот на повеќе нивоа, зашто „Ние сме лудаци“ е лирика, епика и драма во едно; победа, пораз и бегство на ист фронт, под исто знаме. Ликовите се толку магнетни што целосно го привлекле дури и авторот, па Кокаланов е едноимен кога пишува драми, другоимен кога пишува поезија, но истоимен кога е детектив на дури пет случаи во романот!
Ние сме лудаци е носител на листата на книжевната партија на слободоумните и талентираните. Заокружете го, остварете го!“
Оливера Ќорвезироска
Распродадено
Сашо Кокаланов (38) е новинар, драматург и романсиер. Роден е, работи и живее во Скопје, каде што дипломирал новинарство. Пишува сатира и колумни за повеќе медиуми.
Автор е на три романи: „Самецот“ (2003), „Ноќ на железничката станица во Розендал“ (2004) и „Изабела, Исмаела и јас“ (2004). Во 2011 година неговата пиеса „Крвта не е вода“ е поставена во Драмскиот театар во Скопје, во режија на Сашо Миленковски. Претставата има повеќе од триесет репризи, гостува во повеќе театри во земјава, а е селектирана и за официјалната програма на „Скопско лето“.
Во меѓувреме, Кокаланов ги пишува и пиесите „Чад“, „Му велам јас на Барико“ и „Денот кога умрев и се вратив“. За „Чад“ ја добива третата награда на конкурсот „Коле Чашуле“ на Македонскиот народен театар.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.