Шиндлеровиот лифт

320,00 ден

„Никогаш не се разбра чија идеја воопшто беше Црвениот солитер 101. На Хамдиините бавчи, на периферијата, да се изградат две висококатници за работниците и за наставниците од средношколскиот центар. Оти Црвениот солитер навистина беше составен од две тринаесеткатници, кои всушност се допираат и прават двоен солитер, со 104 стана, „вертикално село“, како што зградата упорно ја нарекуваше Цака поштарот. Денес вертикалното село е сè попразно и по испилувањето, од олку зло, остана само сукрвица.“

Го притискате копчето, и чекате. Потоа го слушате препознатливиот звук и ја отворате вратата на лифтот. Со истиот гест почнува и читањето на романот „Шиндлеровиот лифт“ на Дарко Цвијетиќ, кој во триесетина кратки поглавја раскажува за судбината на станарите со различна вероисповест, јазик и уверенија, собрани под заеднички кров во солитерот со четири лифта од марката „Шиндлер“, како метафора на еден заеднички живот што се распаѓа. Меѓу нив е и девојчето Стојанка К., чија трагедија станува симбол на колективното страдање и исчезнувањето на светот што го познаваме.

„Шиндлеровиот лифт“ е роман за сеќавањето, загубата и човечноста. Интониран лирски, емотивно моќен, а јазички воздржан, тој сведочи за времето кога лифтот се претвора во бездна, а обичната зграда во слика на една земја која се руши однатре.

ШИФРА: 242
Едиција:
Автор/ка

Број на страници

109

Година на издавање

2025

Превод/Препев

превод од босански: Елизабета Баковска

Дарко Цвијетиќ (1968, Љубија Рудник) е босанскохерцеговски прозаист, поет и режисер во театарот во Приејдор. Има објавено десетина стихозбирки, две збирки со кратки раскази и три романи. Во театарот режирал дела од Бекет до Чехов, а ги глумел Раскољников, Новски, Естрагон… Член е на ПЕН центарот на БИХ, на Друштвото на писатели на БИХ и на Хрватското друштво на писателите.

За романот „Шиндлеровиот лифт“ ги доби наградите „Кочиќево перо“ (Бања Лука/Белград),  „Фриц“ (Мирослав Крлежа) за најдобра прозна фикција во Хрватска во 2019 година, како и актуелната книжевна награда на централна Европа „Ангелус“ (2025) во Вроцлав. Според мотивите на овој роман во „Камерен театар 55“ во Сараево е направена истоимената претстава во режија на Кокан Младеновиќ.

Со својот препознатлив јазик и емпатија кон „малите луѓе“ на историјата, Цвијетиќ е еден од највлијателните современи гласови на босанската и регионалната литература. Неговите книги се преведени на десетина светски јазици, а себеси се смета за постјугословенски писател.