Дарко Цвијетиќ (1968, Љубија Рудник) е босанскохерцеговски прозаист, поет и режисер во театарот во Приејдор. Има објавено десетина стихозбирки, две збирки со кратки раскази и три романи. Во театарот режирал дела од Бекет до Чехов, а ги глумел Раскољников, Новски, Естрагон… Член е на ПЕН центарот на БИХ, на Друштвото на писатели на БИХ и на Хрватското друштво на писателите.

За романот „Шиндлеровиот лифт“ ги доби наградите „Кочиќево перо“ (Бања Лука/Белград), „Фриц“ (Мирослав Крлежа) за најдобра прозна фикција во Хрватска во 2019 година, како и актуелната книжевна награда на централна Европа „Ангелус“ (2025) во Вроцлав. Според мотивите на овој роман во „Камерен театар 55“ во Сараево е направена истоимената претстава во режија на Кокан Младеновиќ.

Со својот препознатлив јазик и емпатија кон „малите луѓе“ на историјата, Цвијетиќ е еден од највлијателните современи гласови на босанската и регионалната литература. Неговите книги се преведени на десетина светски јазици, а себеси се смета за постјугословенски писател.