„Не сакав да го испратам Бота во војна. Сакав да го испратам некаде надвор од земјата, па и да е во Чернивци во Галиција, во Тернопил. Премногу ми е слаб, премал, како со осумнаесет години да ја брани Југославија, многу постара од него. Веројатно Југославија морала него да го чува, а не тој неа, баба од седумдесет и четири години“.
„Го сонував татко ми. Спие на каучот. Јас покрај него, на подот. Внимавам да не се разбуди. Станувам, му приоѓам, му ги местам рацете како на мртовец. Па повторно легнувам. Сонувам – тато мртов ги помрднал рацете врз телото. Станувам и повторно му ги местам рацете, ги прекрстувам, како што му се местат на покоен. Тој се буди, станува, сето тоа во мојот сон, станува и ми вели: „Што е синко, зошто наземи спиеш?“
„Кога топовите, химните и погребите ќе замолчат, настапува тишината која смртта највеќе ја сака, бидејќи после неа доаѓа заборавот, конечното ништо, како нејзин потполн триумф. Во таа тишина Цвијетиќ зборува, на мртвите им дава глас кој не се слушал додека биле живи. Им дозволува да сведочат, предупредат, да советуваат. Им ја враќа одземената човечност. Додека пишува за смртта, писателот се бори за секој живот“.
Селведин Авдиќ
„Луѓето ги навредува и самата помисла дека се одговорни за страдањето на другите. Откако многу внимателно го опиша светот на црвениот небодер, Цвијетиќ храбро се занимава со начинот на кој се заминуваше од касарните на опколениот град. Приказната која притоа ја раскажува е неочекувана и страшна. И во неа повторно ништо не е премолчено. И повторно, како и во „Шиндлеровиот лифт“, мораше да биде раскажана. Овој пат човек на човека е брат. Но веќе не во метафоричка смисла“.
Миљенко Јерговиќ

КРЕАТИВНА ЕВРОПА







