Нејзиното величество – македонска пиперка

500,00 ден

Нашата земја и пиперката ги врзува голема, искрена и вековна љубов. Љубов од која се родила традиција како речиси во ниту една балканска, а уште помалку европска земја. Ние овде не можеме да си го замислиме животот без сонце и без пиперки. Пиперки од сите форми, бои и вкусови. И потоа, шеф Марк со неописива радост прифати да сподели со вас дел од неговите најуспешни рецепти врз база на нејзиното величество – македонската пиперка.

Светлана Јовановска

ШИФРА: 610
Едиција:
Автор/ка

,

Број на страници

61

Година на издавање

2025

Превод/Препев

превод на англиски: Емили Сапунџија

Марк Иван Виктор Де Јонг е Белгиец со македонско потекло. Фамилијата на неговата мајка потекнува од Македонија, кои после катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963г. заминале за Белгија.  До својата дванаесетта година Марк живеел со своите баба и дедо, од нив го научил македонскиот јазик, но му ја пренеле и љубовта кон македонските специјалитети и се разбира пиперките.

На 15 години почнува да ја изучува гастрономијата, истражувајќи ги вкусовите и тајните на различни кујни. После долги години работа на различни позиции и во различни ресторани, самостојно го отвара и својот ресторан и сервис за кетеринг “La Pallette Gourmande“во Брисел, Белгија. Во 2006г, учествувал на кулинарски натпревар за Најдобар Мастер шеф во Белгија, и го освојува второто место. Потоа, во 2012г. учествува на Светски кулинарски натпревар како капитен на белгискиот тим, при што освојува 6 место на свет и прво место – златен медал од Европа. Во 2016, на Меѓународен кулинарски натпревар во Истанбул, Турција освојува златен медал.

Во Македонија доаѓа да го исполни заветот што го дал на баба му дека ќе дојде да ја посети земјата на неговите корени. Речено – сторено, но одлучува да остане и  веќе десетина години живее во Македонија. Марк го обожува уникатниот вкус на македонскиот зеленчук и овошје, а магијата на пазарите во Македонија ја споредува со Дизниленд за секој готвач.