Алчност

300,00 ден500,00 ден

Селскиот жандарм Курт Јаниш – “добар на изглед маж, овој жандарм, каков што ни се допаѓа нам, на жените” – фрлил поглед на имотот на осамените жени, и е опседнат со алчноста за пари и посед. А како полицаец тој знае каде да ги најде жртвите: на селските улици, каде во својот бележник си ги запишува нивните регистерски таблички и адреси. Првата жртва е жена во средни години, која се преселила од град на село за да живее сама и во складност со природата, која на ниту еден начин не му е дорасната на жандармот, бидејќи тој кај неа буди сексуална зависност само за да дојде до нејзината куќа. Потоа тука е и една многу млада девојка, која уште не наполнила ни шеснаесет години, но исто така се вљубува во овој маж. Сепак, првата почнува да насетува што е тоа што го интересира жандармот.

 

„Елфриде Јелинек е класична воајерка прикована за прозорецот, онаму каде што домуваат сурово потиснатите чувства. Покрај тој прозорец изминува светот. Но светот не е убав. Тој е едно животно, маж, убиец на жени.”

Die Zeit

„Злобниот поглед на Јелинек и во овој роман не изгубил од својата острина. Тој повторно се занимава со клишеа, тривијалности и патриотска заслепеност. Сета одвратност, претпазливо набљудувана под лупата е само парабола: за поразот и пропаста на денешницата во целост, и особено за пропаста на денешна Австрија“.

Die Welt

„Не, Јелинек не поштедува никого, дури ни себеси. Таа се бори со сите средства, со сатира и иронија, со извадоци од весници, огласи и реклами, со свесно извртените слики против владеачките клишеа, дури и кога се чувствува колку самата таа страда заради природата на жените и нивната потисната улога“.

Die Woche

ШИФРА: 66
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2012

Број на страници

467

Превод/Препев

превод од германски: Ксенија Чочкова

Елфриде Јелинек е родена на 20. октомври 1946 година во Мирцушлаг/Штаерска. Студирала театрологија, историја на уметност и музика во Виена. Од 1996 живее како писател во Виена и Минхен.

Станува славна со романот „Пијанистка”. Списанието „Театар денес” во 1996 година ја избира за „Драматург на годината”. Две години подоцна ја добива литературната награда „Георг Бихнер”.

Во 2004, како врвно призанние и круна на нејзината книжевната кариера, Јелинек ја добива Нобеловата награда за литература.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.